WVP KidINvest 1 – Прв настан за Јуниор Инвеститори

ВФП Јуниор инвеститорите преку забава и дружба можеа да научат нешто ново за светот на инвестициите на Јуниор настанот – WVP KidINvest 1. Настанот изобилуваше со забава, подароци, награди, како и сертификати за учество.

Јуниорите од 5 до 17 години се натпреваруваа во неколку игри, преку кои научија во кои компании се тие индиректно инвеститори, кои се навиките на милионерите и како тие управуваат со своите средства, дека е потребно да се вложи труд и трпение за да се заработат парички преку вистински пример, а имаа и можност да управуваат со свои ВФП Парички.

За време на паузите, јуниорите можеа да уживаат во пица и сокче, додека за најмладите инвеститори следуваше аниматор во текот на целиот настан.

 

 

Преку фотографиите во прилог, можете да доловите само дел од атмосферата.

 

ЗОШТО ДА ИНВЕСТИРАМ ВО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ?

Откако ќе донесете одлука да инвестирате за остварување на Вашите соништа и цели во животот, следната одлука која треба да ја донесете е каде и зошто таму да ги инвестирате Вашите средства. Во овој пост ќе дознаете зошто Вашите средства е најдобро да ги инвестирате во инвестициски фондови..

 

1. Автоматска диверзификација

Првата придобивка од инвестициските фондови е неверојатната диверзификација што тие ја нудат, односно инвестирањето во различни инструменти, валути, сектори и држави.
Диверзификацијата помага во избегнување на катастрофални загуби и ги штити портфолијата за време на економските превирања со распределување на вкупните инвестиции во повеќе различни видови средства, во различни индустрии и во различни држави. На пример, поради малиот обем на средства кои една индивидуа е спремна да ги инвестира, таа индивидуа најчесто не може да си дозволи самата да има инструменти од повеќе држави, па така сите средства би ѝ биле изложени во компании од само една или две држави. Ризикот од поголема политичка нестабилност или економска криза во некоја од овие 2 држави би имал многу поголем ефект врз Вашата инвестиција, отколку кога средствата би биле инвестирани во 10 или 15 држави. Една стара поговорка вели: „Не ги чувајте сите јајца во една кошничка, бидејќи може да ви падне и сите јајца да ви се скршат.“

Со цел да се постигне оптимално диверзификувано портфолио, потребно е да се инвестира во широк спектар различни хартии од вредност од различни сектори. Доволно диверзификувано портфолио бара обемен истражувачки и инвестициски капитал.

Преку инвестирање во инвестицискиот фонд Вие со мала уплата всушност постигнувате високо диверзификувано портфолио какво што имаат и најбогатите луѓе во светот. Инвестицискиот фонд, преку здружување на средствата на сите инвеститори во тој фонд, искористувајќи ја експертизата на портфолио-менаџерот и на преостанатите вработени во друштвото што управува со тој фонд, успева да постигне диверзификувано портфолио по различни држави и сектори, а притоа бенефитите од диверзификацијата ги добива секој инвеститор во фондот.

2. Персонализирана услуга

Покрај диверзификацијата, најголемата предност на инвестициски фондови е што постојат различни видови. Во зависност од Вашата толеранција кон ризик и желбата за принос, можете да направите комбинација од различни инвестициски фондови и да го достигнете сопствениот карактеристичен оптимум. На следниот линк со одговарање на неколку прашања ќе добиете предлог како да ги распределите Вашите средства во фондовите под наше управување.

Кликнете и дознајте каков инвеститор сте Вие.

3. Пристап до средства со висока вредност

Инвестициските фондови ги здружуваат инвестициите на многу инвеститори, за да можат да инвестираат во акции, обврзници и други хартии од вредност кои можат да бидат надвор од имотниот стандард на еден клиент, ако тој инвестира во нив индивидуално. Инвестициските фондови Ви овозможуваат да го искористите растот и исплатата на дивиденди од големи компании, како што се компанијата Coca Cola и BMW, без да се бара масовно количество капитал за купување акција од конкретна компанија.

4. Достапност и ликвидност

Средствата во инвестициските фондови се ликвидни, односно Фондовите имаат законска обврска во рок од 7 дена од поднесување на барањето за откуп да Ви ги исплатат средствата по вредност од денот кога е поднесено Барањето за откуп.

Дополнително, инвеститорите во секој момент имаат можност да ја проверат состојбата на своите средства на својот личен профил.

5. Професионален менаџмент.

Инвестициските фондови ги менаџираат професионалци чиe цело образование и цела кариера е насочена кон остварување профит за сопствениците на удели.

6. Принос без напор.

Најголем бенефит од професионалниот портфолио менаџмент е остварување на принос без Ваш дополнителен напор. Откако ќе ја направите инвестицијата во инвестициски фонд, Вие може мирно да следите како Вашите средства се оплодуваат, знаејќи дека портфолио-менаџерите на фондовите работат кон тоа Вашите инвестиции да бидат профитабилни. Во спротивно, барањето на најдобра инвестиција самите, би Ви одземало многу од Вашето слободно време и ресурси.

6 БИТНИ СОВЕТИ КОИ МАЛКУМИНА ГИ ЗНААТ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕТО

Инвестирање на дел од приходите треба да биде приоритет во животот на секој човек без разлика во која деценија од животот се наоѓа.

Без оглед на Вашата возраст, како на секој човек и на Вам Ви е потребно да имате одреден план на инвестирање со цел да ги остварите Вашите поголеми соништа: да можете да купите Ваш дом, да му овозможите квалитетно образование на Вашето дете, да можете да се пензионирате пред време или пак да си дозволите луксузен одмор. Токму во овој пост, можете да дознаете 6 Битни совети за инвестирањето кои малкумина ги знаат…

1. Започнете да инвестирате редовно

Клучен дел од инвестирањето е да го сфатите како редовна навика. Дали некогаш сте го слушнале советот: „Платете се прво себе си.“?

Овој многу познат совет во светот на финансиите значи дека пред да почнете да плаќате за трошоците како струја, вода, храна, облека, треба одреден дел од Вашите приходи да ги одвоите за Вашата иднина, соништа и сигурност. Тоа најдобро би го направиле доколку одреден дел од Вашите пари би ги намениле кон соодветна инвестиција. Вие самите одлучувате колку секој месец ќе одвојувате за инвестирање, но тоа направете го однапред.

2. Нe трошeте повеќе од тоа што го заработувате.

Инвестирањето Ви дозволува да заработувате од Вашите пари, додека позајмувањето само Ви ги зголемува трошоците. Секогаш трошете помалку од тоа што заработувате, во спротивно целиот Ваш живот ќе зависите исклучиво од платата која ја заработувате.

3. Исполнете го животот со убави спомени и незаборавни моменти.

Успевање на Вашето дете преку квалитетно образование на некој од најреномираните факултети во светот, реновирање на Вашиот дом, купување на куќа, стан, одење на луксузен одмор или дозволување на полуксузен аксесоар се работи кои животот го прават поубав и го исполнуваат со убави спомени. Но, сите овие работи во главно чинат многу повеќе од тоа што просечен човек може да си го дозволи со месечната плата. Токму затоа, треба да почнете веднаш да инвестирате. Сите овие убави работи Вие ги заслужувате! Не дозволувајте обичните секојдневни сатисфакции да Ве спречат да одвојувате дел од Вашите пари за инвестирање и да Ви оневозможат да ги искусите најубавите работи кои животот ги нуди, а се поскапи. Во овој контекст ќе ја споменеме поговорката: „Направи го денес тоа што сите можат да го направат, за да можеш утре да го направиш тоа што малкумина можат.“

4. Секогаш мора да имате средства наменети за „црни денови“.

Немојте да си дозволите, во целост да зависите од работата која ја работите. Одреден сплет на околности може да Ве доведе до ситуација да Ви се потребни повеќе средства. Генералното правило е дека секогаш треба да имате акумулирано минимум 3 месечни плати во ликвидни средства, како вид на заштита од несакани настани.

5. Поставете си Ваши цели за инвестирање.

Успешните инвеститори си поставуваат цели за кои ќе инвестираат и прават прецизен план за секоја цел колку ќе инвестираат месечно, а потоа инвестираат по тој план без отстапки. Бидете и Вие успешен инвеститор, направете го истото. Пример: сакате да си дозволите егзотично патување, пресметајте ги сите трошоци кои би биле поврзани со тоа патување, потоа одредете кога сакате да одите на тоа патување, колку време би требало да штедите и колкав износ месечно за да ги соберете потребните пари.

6. Правило на палецот: минимум 20% од Вашите приходи наменете ги за штедење и инвестирање.

Но, наш совет е да почнете поскромно, односно почнете да одвојувате 10% од Вашата плата за штедење и инвестирање. Пример, доколку заработувате 25.000 денари, веднаш по приливот, 2.500 денари инвестирајте ги, а 22.500 денари, определете ги за трошење. Одвојување на 2.500 денари месечно, би значело да одвојувате дневно само 82 денари за Вашата иднина, сигурност или соништа.