Зошто треба да вложувате во парични фондови?

 

Честопати како штедачи сме соочени со дилемата: Колкав дел од моите заштеди да ги чувам на трансакциска сметка или пак во готовина, а колкав дел да ги орочам?

Оваа одлука е многу тешка и бара посветување на одредено време и ресурси за да се донесе вистинската одлука.
Причината е поради тоа што при донесувањето на одлуката треба да се земат неколку работи во предвид:

  • Иако готовината и средствата на трансакциската сметка се високоликвидни, тие или не носат никаков принос, или пак тој е минимален.
  • Како што знаеме, инфлацијата претставува порастот на цените на добрата и услугите во целокупната економија. Со растот на цените на суровините, растат и цените на готовите производи, а и платите за вработените.
    Ефектот на инфлацијата секоја година влијае на парите кои ги чувате во готовина и им ја намалува нивната вредност.
  • Откако ќе одлучите колкав дел од Вашите приходи ќе ги заштедите, а колкав дел ќе ги чувате како ликвидни средства, следен чекор е да најдете погодно место за штедење.
    Различни банки нудат различни каматни стапки, при различни периоди на вложување и при различни услови.
  • Во одредени моменти од Вашиот живот, потребно Ви е поголемо ниво на готовина од таа што ја имате, и ќе се јави потреба од повлекување на средства кои се веќе орочени.
    Најчесто при ваквите повлекувања, се губи остварената камата или пак се плаќаат казнени пенали.

За среќа, постои и друга алтернатива на класичниот пристап на штедење.
Во 70-тите години од минатиот век, во САД биле оформени првите отворени инвестициски фондови кои вложувале во краткорочни државни записи и обврзници.
Тие се појавиле како одговор на тогашната забрана за исплата на камата на депозити по видување, и служеле како супститут на трансакциските сметки.

Набрзо по нивното создавање, тие се здобиле со популарност како лесна алтернатива за инвеститорите да купат различни безбедни инструменти одеднаш, кои истовремено нуделе повисоки приноси од тие во стандардните трансакциски сметки. Голем дел од инвеститорите ги користат кеш фондовите за менаџирање на нивната готовина и останатите потреби кои може да настанат во краткиот рок.

Во изминатава декада, ваков вид на фондови се појавија и во Македонија.
Така, ВФП Кеш Депозит е отворен инвестициски фонд кој главно ги пласира средствата на своите инвеститори во депозити на македонските банки и во македонски обврзници.
Со инвестирање на Вашите средства во овој фонд, Вие го избегнувате горенаведениот процес на селектирање на најпогодно место за штедење, а наместо тоа инвестирате во диверзифицирано портфолио на релативно сигурни финансиски инструменти.

Вашите средства ќе се реинвестираат автоматски, ќе бидат постојано ликвидни, и ќе можете да си ги следите преку нашата веб апликација.

Доколку не сакате своите средства да ги изложите на висок ризик или ценовни осцилации, тогаш кеш фондовите се одлична алтернатива.
Сепак, најголемата придобивка од овие фондови е тоа што ќе остварувате атрактивен принос, а нема да плаќате влезни или излезни провизии за вадење или повторно вложување на Вашите средства.

Најдобар начин да се искористи ефектот и придобивките од овие парични фондови е преку траен налог, при што дел од Вашиот приход може секој месец директно да си се инвестира во кеш фондот. На тој начин  ќе имате 3 главни придобивки:

  • ќе може да акумулирате одредена заштеда,
  • средствата ќе Ви бидат достапни без никакви влезни или излезни провизии,
  • истовремено ќе заработувате атрактивна стапка на принос

За повеќе информации околу ВФП Кеш Депозит фондот, уплатите преку траен налог и нивните предности јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.

    Како да станете акционер во најголемите светски компании?

    При секојдневното следење на вестите од Светот, постојано слушаме за големи, мултинационални компании чиишто приходи и профити се изразуваат во милијарди евра.
    Сигурно во некој момент сте се запрашале себеси: Како можам и јас да учествувам во добивките на тие корпорации кои го движат светскиот раст?

    Секако, за инвестирање на странските финансиски пазари секој заинтересиран инвеститор треба своите инвестициски одлуки да ги темели на анализи на фактори кои може да имаат влијание на тие одлуки. Такви се фазата и растот на економијата, нивото на каматните стапни, нивото на инфлација, очекувањата на останатите инвеститори итн.
    Тие треба да бидат добро информирани за потенцијалните ефекти од нивните одлуки, односно очекуваниот принос и ризик, како и даночните обврски.

    Со оглед на тоа што информирањето околу горенаведените фактори подразбира посветеност, време, ресурси како и високо ниво на знаење,  дали постои друг начин да се стане акционер во овие светски компании?

    ВФП Премиум Инвест фондот ги вложува средствата на инвеститорите во висококвалитетни компании чиишто производи ги купуваме и користиме секојдневно.

    Преку купување на удел во фондот, Вие можете да станете индиректен акционер во Nestlѐ, J&J, Procter & Gamble, Coca Cola, Heineken, Nike, l’oreal, Phillip Morris, Unilever, Beiersdorf и многу други светски компании.

    Факт е дека секојдневно купуваме производи од овие компании, кои под себе имаат стотици светски познати брендови. Како пример ќе ги наведеме производите кои ги купуваме од Nestlѐ – најголемата светска компанија за производство на храна и пијалоци: Nescafé (кафе), Cheerios (корнфлекс), Kit Kat (чоколадо), Tooty Frooties (бомбони), Δέλτα (сладолед), Friskies (храна за миленици), Thommy  (мајонез), Maggy (готови супи) и уште многу производи.

    Нашата потрошувачка на овие производи се преведува во приходи и профити на Nestlé. Истото важи и за Coca Cola, Nike, Heineken и сите останати мултинационални компании. Иако од време на време профитите а со тоа и вредноста на акциите на овие компании ќе варира, сепак на долг рок луѓето ќе продолжат да ги купуваат нивните производи, со тоа да им ги зголемуваат приходите, профитите и цените на акциите.

    Па се поставува прашањето: Зошто да учествувате само во потрошувачката на овие производи, кога можете индиректно да станете дел од илјадниците сопственици на овие мултинационални корпорации, и да заработувате пари од растот на нивните акции или пак од исплатите на дивиденда?

     

    За повеќе информации околу инвестициските фондови и нивните предности јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.

      Има ли алтернатива за ниските каматни стапки на штедните влогови?

      Каматните стапки на вкупните депозити во последниве неколку години во Македонија бележат тренд на намалување, според податоците на НБРМ. Но, и покрај овој факт нивото на депозити  на домаќинствата во домашните банки е во постојан пораст.

      Многумина велат дека овој раст произлегува од веќе стекнатата навика на луѓето за штедење, нивната неподготвеноста за други форми на инвестирање, како и ограничениот број на инвестициски можности во Македонија. Но, дали е тоа навистина така?

      Факт е дека на пример, за да започнете да инвестирате на Македонската Берза потребно Ви е одредено  познавање на начинот на функционирање на финансиските пазари. Или можете да започнете да инвестирате во недвижнини, но секако за ова се потребни релативно поголеми суми на пари. Имајќи го ова во предвид, што може да направите во однос на инвестирање со вашите заработени пари?

      Во минатата декада во Македонија е забележана појава на нови финансиски институции кои значително го олеснуваат инвестирањето. Иако како концепт влечат корени од 19-тиот век, во својата современа форма инвестициските фондови прв пат се појавуваат во почетокот на 20-тиот век во САД. Долгиот период на постоење на овие фондови е доказ за нивниот потенцијал да го зголемуваат богатството на своите инвеститори.

      ВФП Фонд Менаџмент е друштво за управување со инвестициски фондови. Во своето портфолио друштвото управува со 3 различни фондови, кои се разликуваат според инструментите во кои вложуваат. Така, ВФП Премиум Инвест фондот инвестира доминантно во акции на висококвалитетни интернационални корпорации, ВФП 100% Бонд инвестира доминантно во обврзници и ВФП Кеш Депозит инвестира доминантно во депозити од домашните банки. Секој од овие фондови носи различен очекуван принос кој меѓу другото зависи и од ризикот на самиот фонд.

      Друштвото заклучно со 10.01.2019 година управува со над 24 милиони евра во овие 3 фондови, додека пак ВФП Премиум Инвест фондот е најголемиот акциски фонд во Македонија со над 12 милиони евра инвестирани од страна на 2.062 клиенти.

      Во Македонија има многу голем простор за подобрување на потрошувачките навики на луѓето.
      Наша желба во оваа 2019-та година е да поттикнеме промена во начинот на размислување на луѓето околу нивната финансиска дисциплина, финансиски навики и планирање на нивниот буџет.

      За таа цел нудиме бесплатна консултација од нашите агенти, кои ќе Ви одговорат на секое Ваше прашање и ќе Ви објаснат како преку програмираните уплати може значително да си ги зголемите Вашите заштеди со минимален труд.

      За повеќе информации околу инвестициските фондови и нивните предности јавете се на бројот
      02 3 100 535 или контактирајте не на contact@wvpfondovi.mk