Postuar ne 26.07.2019

Летото дојде, а со него и одморите на кои најмногу им се радуваме. Понесени од атмосферата и желбата за релаксирање, многу често се случува да го потрошиме целиот наш планиран буџет, пари кои макотрпно сме ги заработувале и штеделе во текот на целата годината.

Но, само поради тоа што ни дошло времето за опуштање, не значи дека не треба да бидеме внимателни околу начинот на кој ги трошиме нашите пари. Претпазливоста треба да биде уште повеќе изразена кога станува збор за планиран буџет за одмор кој е еден, два, три или повеќе пати поголем од нашата месечна плата.

За таа цел, решивме да Ви споделиме неколку лесно применливи совети кои ќе ни помогнат  на ефикасен начин да ги трошиме нашите пари, а нема да влијаат на задоволството и уживањето од нашиот драгоцен одмор:

Last Minute Понуди

Доцното планирање на одмори најчесто знае да биде поскапо, но Last Minute понудите од агенциите се дефинитивно еден од најисплатливите начини за одење на одмор.
За многу пониска цена од регуларната можеме да го уживаме истото.

Убавината кај овие понуди е тоа што ги има постојано и лесно можеме да пронајдеме некоја атрактивна понуда и во периодот додека сме на нашиот годишен одмор.

Патничко осигурување

Сите сме запознаени со примери кога луѓе на нивното патување го  потрошиле целиот нивен буџет за незгода, која доколку би се случила во нашата држава би чинела некој минимален износ. Затоа, патничкото осигурување е задолжително!

Тоа нѐ заштитува од сите незгоди кои може да се случат за време на одморот, а доколку се случи некоја непогода, осигурителната компанија ни го покрива трошокот.
На тој начин го избегнуваме ризикот една ваква незгода да ни го исцрпи планираниот буџет и да ни го уништи долгоочекуваниот одмор.

Спремање јадење „од дома

Правењето домашни сендвичиња ни заштедува отприлика 15-20 евра за еден оброк во ресторан. Доколку одиме со целото семејство така можеме да заштедиме дури и до 100 евра!

Уште една работа што ни оди во прилог при спремањето храна од дома е што секогаш знаеме што сме ставиле во нашиот оброк! Со тоа можеме да следиме како се храниме, колку калории внесуваме и секако – можеме да ги ставиме сите намирници кои ние ги сакаме, по наш избор.

Street Food

Другата алтернатива за оброк е уличната храна, која е најчесто најевтиниот избор во било кој град низ светот. Покрај тоа што уличната храна е лесно достапна кога немаме доволно време да си ги направиме нашите оброци дома, таа ни дава и одлична шанса за да ги испробаме локалните специјалитети. Уличната храна ни оди во прилог и во случаите кога немаме доволно време за да седнеме во ресторан и секако, кога сакаме да заштедиме пари при нашето патување.

Изнајмување велосипед

Додека го правиме планот за нашето патување, една од клучните точки на која треба да обрнеме внимание е транспортот.

Велосипедот освен за рекреативна употреба, може да го користиме и како превозно средство кое не ја загадува околината, а ќе ни помогне да согориме некоја калорија плус.

Во одредени европски градови изнајмувањето на велосипед може да биде дури и поевтина алтернатива од јавниот превоз. Покрај тоа, велосипедот е одличен начин за поттикнување на авантуристичкиот дух и истражување на некомерцијалните делови од градовите кои ги посетуваме.

Иако горенаведените совети изгледаат прилично едноставни, тоа не значи дека не се ефективни. По нивното успешно применување, веднаш ќе забележите позитивен ефект на Вашиот паричник.

Успеав да заштедам и да си поминам одлично. Што следно?

Секогаш им се радуваме на заштедите кога се враќаме од одмор, правиме план што следно да правиме со нив, дали да си купиме нова облека или пак да излеземе на луксузен ручек со пријателите.
Но, дали тоа е најразумната одлука што можеме да ја донесеме? Зошто заштедите кои ги вративме дома да не станат поголеми?

За повеќе информации за воведувањето на инвестирањето како уште една добра навика која ќе Ви помогне во стекнување на богатство и обезбедувањето на поквалитетна иднина за Вас и Вашите најблиски јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.