Врз основа одредбите од Законот за заштита на личните податоци, и подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, (во понатамошниот текст: Контролор), на ден 30.11.2021 година ja донесе следнaтa

 

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА

 

  1. Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во персонален компјутер или мобилен телефон од страна на интернет страниците кои се посетуваат. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на интернет страниците кои се посетувате и да помогнат во идентификација на физичките лица кога повторно ќе ја отворите истата интернет страница.

Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на персоналниот компјутер и кога ќе се исклучи пребарувачот (ќе се премине во offline mode), додека привремените се бришат штом се затвори интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат активности и преференциите на потрошувачите (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на интернет страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

 

  1. Зошто се користат колачиња (cookies)?

На интернет страницата на Друштвото се користиат колачиња (cookies) од следниве причини:

  • за техничко функционирање на интернет страницата;
  • за собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • за да ги запомниме преференциите на посетителите како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • за да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

 

Кога ја посетувате интернет страната на Друштвото, може да соберат некои податоци од пребарувањето на посетителот, како на пример IP адреса, која содржина од интернет страницата (подстраница) е посетена, кога е посетена и од која интернет страница е посетителот пренасочен.

Кога се посетува интернет страната на Друштвото се користат услуга на трета страна Google Analytics за да се соберат стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

 

  1. Каков вид на колачиња (cookies) се користат? 

Друштвото користи постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

 

  1. Можете ли да се избришат или контролираат колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на интернет страницата, но истите би овозможиле подобро искуство во пребарувањето.

Овие колачиња (cookies) можете да се избришат или блокираат, доколку се направи истото некои карактеристики на интернет страницата на Друштвото.

Можат да се избришат сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на персоналниот компјутер и можат да се подесат поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку се направи претходното, можеби ќе има потреба рачно да се прилагодуваат преференциите секој пат кога посетувате интернет страната, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

 

  1. Промена на политиката за колачиња

Политиката за користење на колачиња редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активности на Друштвото.