Општи Услови за Користење

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА И ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ 

Ве молиме внимателно разгледајте ги Општите Услови за користење на Веб страната (Општи Услови) пред да започнете со користење на нашите инвестициски услуги или да доставите податоци. Доколку не се согласувате со овие Општи Услови без ограничување или исклучоци, ве молиме веднаш да излезете од оваа веб страна.

I. Воведни одредби
II. Користење на Веб страната
III. Политика на приватност и колачиња
IV. Етички кодекс и деловно однесување
V. Општи одредби

Следните Општи Услови се применуваат на сите инвестициски услуги од страна на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, бул Кочо Рацин бр.3/2 кат 3 и 4, 1000 Скопје, Р. Македонија, друштво чија дејност е управување со фондови согласно македонското законодавство (во понатамошниот текст: „Друштво“ или „нам“, „ние“ „наш“) на лица кои ги користат услугите (во понатамошниот текст: „Корисник“ или ,,вас‘‘, „вие“, „ваш“) на оваа веб страна wvpfondovi.mk (во понатамошниот текст: „Веб страна“).

I. Воведни одредби

ДЕФИНИЦИИ

Секое упатување на „Корисник“ се однесува на физичко лице, резидент на Република Македонија, кој може да ги користи услугите и производите од Веб страната во согласност со Општите Услови; „Страна/Страни“ се однесува на Корисникот и Друштвото, заедно или поединечно, во зависност од контекстот; Друштвото може да ги одржува информациите од Корисникот во која било форма и да ги користи за целите на инвестициски услуги; „Применлива регулатива“ се однесува на Законот за облигационите односи, Законот за заштита на потрошувачи, Законот за заштита на личните податоци, поврзани правилници и сите други применливи закони и прописи, како и сите соодветни упатства издадени од регулаторите во согласност со македонското законодавство; „Информации“ или „Содржина“ се однесува на информациите содржани на Веб страната; „Друштво“ се однесува на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, друштво чија дејност е управување со фондови согласно македонското законодавство; „Виша сила“ е акт, настан, пропуст или несреќа над разумна контрола на непосредно загрозената страна.

ВИСТИНИТОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Информациите што ги дава Корисникот секогаш мора да бидат вистинити и точни, бидејќи лажни податоци ќе се сметаат како непочитување на Општите Услови.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

Под никакви околности Друштвото нема да биде одговорно за штети, вклучено општи, специјални, директни, индиректни, инцидентни, последователни, казнени или било какви други штети (вклучително без ограничување, загуба на добивка или прекин на дејност) од кој било вид, кои произлегуваат или се поврзани на било кој начин со користењето или неможност за користење од страна на Корисникот на Веб страната, Апликацијата на Веб страната или било кои други Инвестициски услуги преку Веб страната, или како резултат на било какво неизвршување и неисполнување од страна на Друштвото,

Виша сила, грешка, пропуст, прекин, дефект, доцнење на активностите, компјутерски вирус или дефект на линијата или пад на системот, дури и ако Друштвото или негови претставници се запознаени за можноста на ваквите штети, загуби или трошоци. Ваш единствен правен лек за незадоволство од користењето на оваа Веб страна и дадените Инвестициски услуги е да прекинете со користење на Веб страната.

За секоја одлука што ќе ја донесе Корисникот врз основа на Информациите на Веб страната е само негова одговорност.

ОБРАБОТКА И ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

Друштвото само ги обработува вашите информации во согласност со Политиката на приватност и колачиња. Кога ќе ја користите Веб страната, вие се согласувате да ги обработиме вашите лични податоци и со тоа гарантирате дека сите информации/податоци што сте ги дале се вистинити и точни.

Праксите и политиките на Друштвото во врска со собирање и обработка на личните информации се регулираат со Политиката на приватност и колачиња на Друштвото.

МАРКЕТИНГ

Независно дали ќе продолжите или нема да ги користите нашите услуги, ние може повремено да ги користиме информациите што сте ги доставиле за да ви доставуваме информации по пошта, е-маил, порака, ММС или друга форма на електронски дописи за производите и услугите кои би Ве интересирале.

II. Користење на Веб страната

КОРИСТЕЊЕ

Вие сте согласни дека нема (самите или преку трето лице):

да користите алатки за автоматско собирање на податоци како што се: ‘‘robot‘‘, ‘‘spider‘‘, ‘‘screen scraper‘‘, собирачка алатка на податоци или друг автоматски уред или процес (Автоматски процес) за обработка, следење, копирање или вадење на веб страници на Веб страната, или други информации, содржина или податоци што ги содржи или кои се достапни преку веб страната, без претходна писмена дозвола;

да користите автоматски процес за собирање или комбинирање на информации, содржина или податоци што ги содржи или кои се достапни преку Веб страната или преку извори од трети лица;

користите уред, софтвер (вклучено, но не ограничено на внесување вирус, црв или друг малициозен код), процес или рутина за попречување или намера да се попречи правилното работење на Веб страната, трансакција или процес кој се спроведува на или преку Веб страната;

да преземате било какво дејство кое наметнува неразумно или непропорционално големо оптоварување на инфраструктурата или опсегот поврзани со Веб страната;
да вршите обратен инженеринг, обратен асемблерски код, декомпилација или на друг начин да се обидувате да го откриете изворниот код или друга аритметичка формула или процеси во однос на софтверот на кој се подлежи инфраструктурата и процесите поврзани со Веб страната;

да копирате, репродуцирате, менувате, модицифирате, креирате изменети работи или јавно прикажувате дел од содржините од Веб страната без претходна писмена дозвола;

да објавувате или вршите друга дистрибуција на или преку Веб страната на погрдни, непристојни, вознемирувачки, застрашувачки или други незаконски материјали или информации; или фотографии кои содржат непристојни слики;

да објавувате или вршите друга дистрибуција на или преку Веб страната на информации што се доверливи за трети лица без нивна дозвола или да ја користите Веб страната за друга незаконска цел или активност;

да се претставувате како друго лице или субјект, или лажно да се претставувате себе си, вашата возраст, финансиската состојба или личната состојба, вашата роднинска состојба со друго лице или субјект;

да барате лични информации од друго лице, лозинка или лични информации за комерцијални или незаконски цели.

ПОТВРДИ, ИЗЈАВИ И ГАРАНЦИИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНАТА

Потврдувате и се согласувате дека:

единствено вие сте одговорни за сите резултати од вашите постапувања или непостапувања од или во врска со користење на Веб страната;

на никој начин нема да ја менувате или да правите попречувања со IP адресата на компјутерот кој го користите за пристап до Веб страната или преземате чекори за да не спречите коректно да ја идентификуваме IP адресата на компјутерот кој го користите за пристап на Веб страната.

Изјавувате и гарантирате дека податоците што ги давате како дел од процесот на поднесување на Апликација или било какво друго регистрирање на Веб страната се точни и вистинити и дека вие сте лицето чии податоци ги давате во врска со Апликацијата.

ДОПИСИ И ИЗВЕСТУВАЊА

Дописите и известувањата од Вас според овој оддел треба да ни ги испратите на начин пропишан во „Контакт“ на нашата Веб страна.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Нашата Веб страна wvpfondovi.mk е нашиот единствен URL. Не смеете да го користите овој URL (или друг URL во наша сопственост) на друга веб страна или дигитална платформа без претходна писмена согласност.

Веб страната, нејзиниот изглед и дизајн се наша сопственост. Ниту еден дел од Веб страна не смее да се копира, репродуцира, прилагодува или пренесува во било која форма и со никаков процес без наша претходна писмена согласност.

Авторските права на сите материјали на оваа веб страна, вклучително без ограничување, текст, податоци, написи, дизајн, изворен код, софтвер, фотографии, слики и други информации (заедно „Содржина“) ги поседува Друштвото и се заштитени со македонското законодавство и со меѓународните закони и договори за авторски права. Вие сте согласни дека содржината не смее да се копира, репродуцира, дистрибуира, повторно издава, прикажува, објавува или пренесува во било која форма или со било кое средство, вклучително не ограничувајќи се на електронски, механички начин, со фотокопирање, снимање или на друг начин, без претходна јасна писмена согласност на Друштвото. Потврдувате дека содржината е и ќе остане сопственост на Друштвото. Не смеете да вршите измени, да учествувате во продажба или пренос на, или да креирате изменети работи врз основа на Содржината, целосно или делумно. Користењето на Содржината на друга веб страна, вклучено со поврзување или врамување, или на било која вмрежена компјутерска средина за било која цел, е забрането без претходно писмено одобрување од Друштвото.

НАДЗОР НА ВЕБ СТРАНАТА

Потврдувате и се согласувате дека Друштвото има право повремено електронски да ја следи и контролира Веб страната и да открива информации кои се потребни или соодветни за почитување на закони, прописи или други барања на државни органи за работата на Веб страната , за да ви презентира маркетинг или други промотивни понуди на Веб страната или на страна на трето лице, или да се заштити себе си или други корисници на Веб страната.

Друштвото може да ја укине или измени Содржината или Веб страната во секое време без претходно да ве извести и не презема никаква одговорност за тоа. Сите датирани информации се објавуваат на утврдениот датум и Друштвото не презема никаква обврска или одговорност да ги ажурира или измени. Друштвото го задржува правото да прекине некоја или сите понуди и промоции дадени на Веб страната без претходно да ве извести. Оваа Веб страна може да содржи технички или печатни грешки. Користењето на оваа Веб страна е на ваша одговорност.

III. Политика на приватност и колачиња

Какви видови на информации може да собираме?

Релевантните податоци ги добиваме од вас кога ја користите нашата Веб страна:

Лични податоци: Ние ги собираме личните податоци кои ни ги давате, како на пр. вашето име и презиме, датум на раѓање, статус на вработување, телефонски број, е-маил адреса.

Други информации: Ние исто така, собираме и други информации од вас, како на пр. тип на користен пребарувач, URL на претходната веб страна што сте ја посетувале, вашиот ISP, оперативен систем и вашиот интернет протокол (IP) адреса. Другите информации не може лесно да се искористат за ваша лична идентификација.

Како ги користиме вашите информации?

Лични информации: Личните информации примарно ги користиме за извршување на нашите Инвестициски услуги и за наши интерни потреби, како на што се: обезбедување, одржување, евалуација и подобрување на Веб страната, исполнување на барања за информации и поддршка на клиентите.

Други информации: Другите информации ги користиме за следење на користењето на Веб страната, како и за други интерни потреби, како што се: обезбедување, одржување, евалуација и подобрување на Веб страната.

Со прифаќање на овие Општи Услови, давате неотповиклива и апсолутна согласност да ги споделите вашите лични информации во согласност со овие Општи Услови. Друштвото не

е обврзано повторно да бара ваша согласност за споделување на вашите лични информации.

Личните податоци може да се чуваат и обработуваат за статистички и маркетинг цели и за подобрување на услугите во согласност со Општите Услови. Корисниците со користење на Веб страната даваат согласност за користење на овие податоци од страна на Друштвото.

Кога Друштвото ќе ги открие моите лични податоци на трети лица?

Објавување на наследници: Вашите лични информации може да ги откриеме на нашиот правен наследник, како на пример, друштво кон кое ќе се присоединиме. Во случај на промена на дејност, спојување или наше купување од страна на или со друго друштво, или продажба на сите или дел од нашите средства, вашите лични информации може да се наоѓаат меѓу пренесените средства. Ќе бидете известени преку е-маил или со известување на нашата веб страна за сите промени на сопственоста или контрола на вашите лични податоци.

Објавување на неповрзани трети лица: Вашите лични податоци се чуваат во приватност и доверливост. Вашите лични податоци може да ги пренесеме како што е наложено или дозволено со закон (вклучително без ограничување, да се придржуваме до судски налог).

Објавување на други информации: Другите информации, во целост, може да бидат објавени на потенцијални стратешки партнери, рекламни агенти и други. Не може да бидете изземени од споделување на овие информации. Меѓутоа, со овие информации не може лично да бидете идентификувани.

Интернет рекламирање: Може да користиме трети лица даватели на услуги за потребите на рекламирање на нашите услуги и на Веб страната. Тие може да собираат анонимни информации за вашите посети на нашата Веб страна и за ваша интеракција со нашите

производи и услуги. Исто така, тие може да користат информации за Вашите посети на оваа и други веб страни за таргетирање реклами за производи и услуги.

Доколку ни дадете лажни или неточни информации, а ние се сомневаме или откриеме измама, истото ќе го пријавиме и може да ги пренесеме овие информации на соодветните органи. Органите за спроведување на законите, како на пр. полиција, јавно обвинителство

и други регулаторни тела може да имаат пристап и да ги користат овие информации. Ние

и други организации, исто така, може да имаме пристап и да ги користиме овие информации за да спречиме измама и перење пари.

Како Друштвото ги заштитува моите лични податоци?

Ценејќи дека приватноста и безбедноста на Вашите податоци е од најголемо значење, имаме имплементирано технологија и политики на безбедност, правила и мерки за заштита на личните податоци.

Ние се залагаме да ги преземеме сите разумни чекори да ги заштитиме вашите лични податоци во текот на пренесувањето и приемот.

КОЛАЧИЊА

Колаче е мала датотека ставена на хард дискот на вашиот компјутер. Повеќето веб страни користат колачиња. Ние користиме колачиња за следење на вашето користење на Веб страната и да ви обезбедиме поголемо персонализирано искуство.

Колачињата кои ги користи Друштвото не се поврзани со личните податоци.

При поставување колаче на нашата Веб страна, на секој посетител му распределуваме единствен референтен број кој го следи низ веб страната. Овој единствен референтен број

се води заедно со информации за референтниот домен и по можност, вашата е-маил адреса.

Како и повеќето веб страни, ние автоматски собираме одредени информации и ги чуваме во датотеки за евиденција. Овие информации може да содржат интернет протокол (IP) адреси, тип на пребарувач, ISP, референтни/излезни страници, оперативен систем, податочен/временски печат и/или податоци за бројот на кликнувања.

Овие автоматски собрани евидентирани информации ги комбинираме со други информации кои ги собираме за вас. Ова го правиме за да ги подобриме услугите што ги нудиме, да го подобриме маркетингот, аналитиката или функционирањето на Веб страната. Друштвото користи колачиња или слични технологии за анализа на трендовите, администрирање на Веб страната, следење на движењето на корисниците низ веб страната и за собирање на демографски информации за нашата база на корисници во целост. Може да го контролирате користењето на колачињата на ниво на поединечен пребарувач, но ако одберете да ги оневозможите колачињата може да ја ограничите употребата на одредени карактеристики или функции на нашата Веб страна или услуга.

Ние зачувуваме информации што ги собираме преку: колачиња, ‘‘log files‘‘, ‘‘clear gifs‘‘, и/или трети лица за креирање на профил на нашите корисници.

Повремено може да користиме софтвер технологија наречена ‘‘clear gifs‘‘ кои ни помагаат да ја следиме ефикасноста на одреден маркетинг и рекламирање кое го правиме преку интернет. Clear gifs се мали графики со единствен идентификатор, со слична функција како колачињата и се користат за следење на онлајн движењата на Корисниците на Веб страната.

Оваа Политика на приватност опфаќа користење на колачиња и ‘‘clear gifs‘‘ од страна на Друштвото и не опфаќа користење на колачиња од страна на друго трето лице или рекламен агент.

IV. Етички кодекс и деловно однесување

Друштвото се залага за највисоки стандарди на етичко и професионално однесување.

Друштвото го усвои овој Етички кодекс и деловно однесување („Кодекс“) за:

Промовирање чесно и етичко однесување, вклучено и етичко решавање на реални или видливи конфликти на интерес меѓу личните и професионалните односи;
Промовирање на придржување до позитивните закони, правила и прописи;

Промовирање брзо интерно известување за прекршувања на Кодексот на одредени лица;

Промовирање пракси на фер соработка; Воздржување од незаконски дела; и

Обезбедување одговорност за придржување до Кодексот.

Овој Кодекс се однесува на управителите, службените лица и вработените на Друштвото и обезбедува основни насоки за деловна пракса и професионално и лично однесување кои се очекува да го усвојат и поддржат. Друштвото, исто така, очекува од останатите друштва со кои соработува да го следат овој Кодекс во нивните меѓусебни односи.

Овој Кодекс е наменет за насочување на однесувањето на управителите, службените лица

и вработените за да се воспостави доверба со јавноста, нашите корисници, друштвата со кои соработуваме и регулаторите.

Деловна етика и однесување

Друштвото верува и работи врз основа на начелата на фер и етичка соработка. Континуираниот и иден успех на Друштвото зависи од довербата на нашите Корисници, друштвата со кои соработуваме и јавноста. Друштвото се залага за одржување на овие односи. Според тоа, ние се однесуваме на начин конзистентен на највисоките стандарди на однесување и личен интегритет и се воздржуваме од незаконско, несовесно и неетичко однесување.

Конфликт на интереси

Сите управители, службени лица и вработени мора да избегнуваат активности кои се противречни, или се во конфликт со овие начела.

Конфликт на интереси настанува кога индивидуалниот приватен интерес на нашите управители, службени лица и вработени (или интересот на членовите на нивното семејство) доаѓа во судир или дури изгледа дека доаѓа во судир со интересот на Друштвото во целина. Конфликт на интереси може да произлезе кога управителите, службените лица или вработените или членовите на нивното семејство преземаат акции или имаат интереси кои може да предизвикаат тешкотии да ја вршат нивната работа објективно и ефикасно. Конфликт на интереси, исто така, произлегуваат кога управителите, службените лица или вработените добиваат нечесни лични поволности како резултат на нивната позиција во Друштвото.

Дали постои конфликт на интереси може да не е сосема јасно. Управителите, службените лица или вработените кои имаат прашања за потенцијален конфликт на интереси или кога ќе дознаат за реален или потенцијален конфликт треба да разговараат за овој проблем и да бараат утврдување и претходно овластување од нивниот раководител.

Должност за соработка

Од нас се очекува целосно да соработуваме при внатрешна или надворешна контрола или ревизија, или регулаторно испитување или барање на информации.

Доколку управителите, службените лица или вработените дознаат за некој спор или потенцијален спор во кој е вклучено Друштвото, мора да преземе чекори да ги зачува, а не да ги уништи документите (електронски или други) кои се однесуваат на предметот на спорот.

Информации на клиентот

Ние не смееме да пристапуваме или да ги користиме податоците на Корисниците за друга намена освен за соодветните деловни цели и мора да ја штитиме доверливоста и безбедноста на овие податоци.

Доверливи информации

Освен корисничките информации, ние се стекнуваме со доверливи податоци и за други трети лица во текот на нашата работа. Од нас се очекува да ја одржуваме доверливоста на сите информации што ни се доверени, освен кога нивното објавување е јасно одобрено или наложено со закон.

Без освета

Лицата кои совесно пријавуваат сомнителни прекршувања на овој Кодекс, политика или закон, или кои учествуваат во истрага поврзана со ваков извештај, истото треба да го направат без страв од освета. Освета, во било која форма, против поединец кој го изразува своето право на пријавување или учество во истрага, е строго забранета и ќе биде причина за дисциплинска постапка, што вклучува и престанок на работен однос.

V. Општи одредби

Со пристапување, пребарување и/или користење на Веб страната, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се обврзувате да ги почитувате Општите Условите и дека ќе се придржувате до сите позитивни закони и прописи. Овие Општи Услови претставуваат основа за однос помеѓу вас и Друштвото.

Друштвото го задржува правото да ги измени и дополни овие Општи Услови во секое време и ќе ве извести за истото со објавување на изменетите Општи Услови на Веб страната. Треба повремено да проверувате на Веб страната дали има промени на овие Општи Услови. Сите промени се важечки со нивното објавување. Вашето континуирано користење на Веб страната по промени на овие Општи Услови претставува ваша согласност дека се обврзувате на истите.

Друштвото може да прекине, забрани, измени или ограничи пристап на целата или дел од оваа Веб страна без да ве извести и за тоа не сносиме одговорност.

Одредени сегменти или страни на Веб страната може да содржат одделни услови за користење, како дополнување на овие Општи Услови. Во случај на конфликт, дополнителните услови ги регулираат овие сегменти или страни.

Во случај ако некоја одредба(и) од овие Општи Услови е неважечка или неприменлива според надлежен суд или од некоја идна законска или управна постапка, истото не ја негира важноста или применливоста на другите одредби од Општите Условите. Во случај ако некоја одредба од овие Општи Услови конечно се утврди дека е незаконска или неприменлива, истата се смета дека е отстранета, но сите други одредби целосно остануваат во сила и дејство, а незаконската или неприменливата одредба се заменува со одредба која има слично значење и ја одразува оригиналната намена на клаузулата во обем дозволен со позитивен закон.

Согласни сте да ја користите содржината и Веб страната само за законски цели. Забранета

е употреба на содржината или Веб страната на начин кој претставува прекршување на позитивен закон, пропис, правило или уредба од националната легислатива во рамки на Република Македонија или локална самоуправа или применлив меѓународен закон или договор, или употреба која може да предизвика граѓанска или кривична одговорност. Секоја неовластена употреба на Веб страната, вклучено, но не ограничено на неовластен пристап во системот на Друштвото, злоупотреба на лозинки, или злоупотреба на информациите објавени на Веб страната е строго забранета. Друштвото нема побарувања дали содржината може да се преземе или дали е соодветна за употреба надвор од Република Македонија. Доколку пристапите во оваа Веб страна надвор од Република Македонија, вие сте единствено одговорни да обезбедите придржување до законите на вашата специфична надлежност. Вашата подобност за одредени производи или услуги е предмет на крајна одлука на Друштвото.

ПРИГОВОРИ

Ако сакате да дадете приговор за веб страната може да го испратите на адресата наведена во преамбулата со кратко објаснување за вашиот приговор. Нашите вработени одговорни за корисничка поддршка ќе го примат вашиот приговор во најкраток разумен рок. Потоа ќе извршат испитување и ќе ви испратат одговор за пристап до службено лице кое има овластување да го реши приговорот (вклучено, доколку е соодветно, и понуда или

упатување). Доколку е соодветно, вработениот што го испитува приговорот нема да е вработен кој бил директно инволвиран во предметот на приговорот.

Ќе ве информираме во рок од 7 дена од приемот на приговорот доколку ни требаат дополнителни информации за да го разгледаме приговорот. Ако бараме дополнителни информации, во рок од 14 дена треба да ги обезбедите информациите, освен доколку не се согласиме на продолжување на времето.

Ние се залагаме да ги решиме сите приговори во рок од 45 дена по добивање на известувањето за приговорот.

ПРИМЕНЛИВО ПРАВО И ЈУРИСДИКЦИЈА

Сите спорови кои произлегуваат во врска со Општите Услови, Друштвото и Корисникот ќе настојуваат да ги решат мирно и со преговори во духот на добрата деловна соработка. За сите спорови кои не може да се решат спогодбено, надлежен е Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Општите Условите подлежат на позитивното законодавство на Република Македонија.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Доколку имате прашања во врска со Општите Условите или праксите на Друштвото, контактирајте не на адресата наведена во преамбулата од овие Општи Услови.

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА И ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ 

Воведни одредби  

Овие општи правила и услови ги пропишуваат правата и обврските на Корисникот на апликацијата WVP mFunds и ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, поврзани со користењето на апликацијата WVP mFunds. За се што не е уредено со овие општи правила и услови или пак постојат одредени неусогласености, предност ќе имаат и соодветно ќе се применуваат одредбите од Проспектот и Статутот на фондот/фондовите во кои инвестира корисникот, а со кои управува  ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Сите термини употребени во овие Општи правила и Услови за користење го имаат истото значење како и термините употребени во Проспектот и Статутот на фондот/фондовите во кои инвестира корисникот, а со кои управува  ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. 

Опис на апликацијата 

Мобилната апликација има за цел да овозможи лесно и едноставно управување на инвестициите нa корисниците. Со помош на апликацијата, корисниците ќе можат да пристапат до фондот, да ги прегледуваат своите инвестиции, да гледаат информации за активностите на фондот, да гласаат за идни активности, да прегледуваат новости и да користат инвестициски калкулатор за да симулираат различни типови на инвестиции. 

Основни Функционалности на Мобилната Апликација 

Согласно регулативата во Р.С. Македонија, мобилната апликација на инвестициониот фонд ги претставува основните функционалности кои овозможуваат корисникот да ги користи услугите на фондот во согласност со највисоките регулаторни барања.  

Сите функционалности на мобилната апликација се изградени во согласност со највисоките безбедносни стандарди, за да се обезбеди сигурност при чување и спроведување на податоците, како и да се спречат можни злоупотреби, вклучувајќи перење на пари и финансирање тероризам, кражба или злоупотреба на идентитет и други слични активности. 

Основните функционалности на мобилната апликација вклучуваат: 

  1. Најава во мобилната апликација;  
  2. Преглед на моменталната состојба на инвестираните удели во соодветниот фонд;  
  3. Преглед на историја на извршени трансакции;  
  4. Пристап до информации за инвестициските фондови; 
  5. Користење на инвестициски калкулатор за симулација на инвестиции;  
  6. Новости поврзани со инвестициските фондови. 

Најава во мобилната апликација 

Мобилната апликација е наменета за корисниците на услугите на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје и овозможува едноставен и безбеден пристап до информациите и услугите поврзани со нивните инвестиции. Процесот на активација и најава е воспоставен со примена на соодветни безбедносни механизми за потврда на идентитетот на корисникот. 

  1. Верификација на е-пошта – На адресата за е-пошта која клиентот претходно ја има доставено до Друштвото како контакт-податок, се испраќа линк за верификација. Со отворање на линкот, клиентот ја потврдува својата е-пошта и го започнува процесот на активација на корисничкиот профил. 
  2. Поставување лозинка – По успешната верификација на е-поштата, клиентот поставува лозинка која ќе ја користи за најава во мобилната апликација. 
  3. Дополнителна верификација преку мобилен телефон – Како дополнителен безбедносен чекор, на телефонскиот број кој клиентот претходно го има доставено до Друштвото се испраќа еднократен четирицифрен PIN-код. Клиентот го внесува добиениот код со што дополнително го потврдува својот идентитет. По успешното завршување на двата чекори на верификација, клиентот се потврдува како корисник на мобилната апликација. 
  4. Преземање и прва најава во апликацијата – По активирањето на корисничкиот профил, клиентот ја презема мобилната апликација од Google Play Store или Apple App Store и се најавува со својот е-маил и претходно поставената лозинка. 
  5. Наредни најави – За поедноставен и побрз пристап, при следните најави клиентот може да користи четирицифрен PIN-код поставен за апликацијата или, доколку уредот ја поддржува оваа можност, биометриска автентикација – Face ID или отпечаток од прст. 

На овој начин се обезбедува едноставен процес на активација и користење на мобилната апликација, со повеќестепена проверка на корисникот и дополнителна заштита на пристапот до неговите податоци. 

Преглед на моменталната состојба на инвестираните удели во соодветниот фонд 

Мобилната апликација ќе овозможи корисниците да се логираат во нивните профили, каде што ќе можат да ја видат состојбата и перформансот на нашите фондови, врз основа на последните достапни податоци за вреднување на нето имотот на фондот. Оваа информација ќе биде претставена на транспарентен начин, каде што податоците ќе бидат директно превземени од официјалната состојба на уделите на инвестицискиот фонд во кој корисникот пристапил. 

Од суштинска важност е да им овозможиме на корисниците да ги проверуваат своите портфолија на мобилната апликација со точни податоци во секое време. Друштвото се стреми да ги обезбеди највисоките стандарди за точност, безбедност и приватност на информациите. 

Преглед на историја на извршени трансакции 

Мобилната апликација ќе им овозможи на корисниците да имаат увид во историјата на трансакциите поврзани со нивните инвестиции во фондовите под управување на Друштвото. Во рамките на корисничкиот профил ќе бидат достапни информации за реализираните уплати, купувања и откупи на удели, влезни провизии, како и други релевантни трансакции поврзани со нивната инвестиција. 

За секоја трансакција ќе бидат прикажани релевантните податоци, како што се датумот на извршување на трансакцијата, видот на трансакцијата, износот, бројот на удели, влезниот надоместок, доколку истиот постои, како и другите податоци што се од значење за корисникот. 

Прикажаните информации ќе се преземаат од официјалната евиденција на Друштвото, со што на корисниците ќе им се овозможи транспарентен и хронолошки преглед на движењата поврзани со нивните инвестиции. 

Пристап до информации за инвестициските фондови 

Преку мобилната апликација корисниците ќе имаат пристап до релевантни информации за инвестициските фондови со кои управува Друштвото. Информациите ќе овозможат едноставен и прегледен увид во основните карактеристики на секој фонд, неговата инвестициска политика, степенот на ризик, историското движење на вредноста на уделот и други релевантни показатели. 

Корисниците ќе можат да ги следат последните достапни податоци за вредноста на уделот и перформансот на фондовите, како и да пристапат до информации и документи кои се од значење за нивното информирање. 

Целта е на едно место да се обезбеди едноставен пристап до точни и ажурирани информации, кои ќе им помогнат на корисниците подобро да ги следат фондовите и своите инвестиции. 

Користење на инвестициски калкулатор за симулација на инвестиции 

Мобилната апликација ќе содржи инвестициски калкулатор преку кој корисниците ќе можат да изработат информативна симулација на потенцијалното движење на нивната инвестиција. 

Корисникот ќе може да внесе одредени параметри, како што се износот на почетната инвестиција, дополнителните периодични вложувања, планираниот период на инвестирање, врз основа на кои апликацијата ќе прикаже симулација на потенцијалната идна вредност на инвестицијата (песимистичко сценарио, очекувано сценарио, оптимистичко сценарио).  

Резултатите од инвестицискиот калкулатор ќе имаат исклучиво информативен и илустративен карактер и нема да претставуваат гаранција за остварување на прикажаниот принос или идната вредност на инвестицијата. Реалниот принос на инвестицијата зависи од движењата на финансиските пазари и од перформансот на конкретниот инвестициски фонд. 

Новости поврзани со инвестициските фондови 

Преку мобилната апликација корисниците ќе можат да пристапуваат до новости, известувања и други релевантни информации поврзани со инвестициските фондови и нивното работење. 

Во овој дел ќе се објавуваат информации од значење за корисниците, вклучително и новости поврзани со фондовите, известувања за нивното работење, информации за движењата на финансиските пазари, едукативни содржини и други информации кои можат да бидат релевантни за инвеститорите. 

Целта на оваа функционалност е да им овозможи на корисниците навремено и на едноставен начин да бидат информирани за позначајните случувања поврзани со нивните инвестиции и фондовите под управување на Друштвото. 

Дополнително, во рамки на оваа секција ќе бидат достапни и интерактивни и едукативни содржини, како што се квизови, кратки тестови на знаење, информативни прашалници и други интерактивни материјали, со цел на едноставен и разбирлив начин да се придонесе кон подобрување на финансиската писменост и информираноста на корисниците. 

 

Безбедност на апликацијата WVP mFunds и уредот на кој истата се користи 

Корисникот се обврзува: 

  • Внимателно да се грижи и да го заштити уредот како добар домаќин, т.е. да спречи истиот да биде изгубен, украден и/или злоупотребен и да не дозволи употреба од страна на други лица, 
  • Внимателно да се грижи како добар домаќин за безбедноста на сигурносните елементи кои се користат на уредот при користење на апликацијата WVP mFunds 
  • Да превземе одговорност за настаната штета поради злоупотреба или доброволно предавање на сигурносните елементи за автентикација, губење на податоци, неовластен пристап до податоци на Корисникот од страна на други лица 
  • да се погрижи дека апликацијата WVP mFunds е деинсталирана од уредот на кој е инсталирана и дека сервисот е деактивиран согласно постапката за деактивација, во услови кога тој уред веќе функционално не се употребува од страна на Корисникот или кога уредот се отуѓува 
  • да го информира Друштвото, по емаил или телефонски за било какви промени поврзани со мобилниот телефонски број  
  • да ја употребува апликацијата WVP mFunds во согласност со упатствата за употреба на апликацијата WVP mFunds, Општите правила и услови и  важечките прописи 
  • веднаш да го извести Друштвото, за било какви нерегуларности при функционирањето на апликацијата WVP mFunds. 
  • на уредот да не употребува или инсталира било какви компјутерски кодови, сомнителен софтвер или други инсталации што би можеле да оневозможат непречено функционирање на апликацијата WVP mFunds; 
  • да употребува уред на кој не е модификуван оригиналниот софтвер и хардвер; 
  • да преземе целосна одговорност пред Друштвото во случај на штета предизвикана поради употреба на апликацијата WVP mFunds  спротивно на овие општи правила и услови 
  • ќе го информира Друштвото за било каква неовластена употреба, сомнеж за неовластена употреба или можност за неовластена употреба на уредот (на пр. ако трета страна на било кој начин дознала за сигурносните елементи), кражба или губење на мобилниот уред, и во тој случај потребно е да побара апликацијата Друштвото да биде блокирана 
  • да ги следи известувањата од соодветната продавница за апликации на уредот и постојано да презема/ажурира нови верзии на апликацијата WVP mFunds   
  • редовно да ги следи известувањата од Друштвото поврзани со употребата на апликацијата WVP mFunds   

 

Друштвото го задржува правото да го спречи пристапот на Корисникот до WVP mFunds   доколку: 

  • има било какво сомнение за неовластен пристап до апликацијата WVP mFunds;    
  • мобилниот уред на кој е инсталирана апликацијата WVP mFunds на Корисникот е изгубен или украден; 
  • Корисникот не ја преземал/ажурирал новата верзија на апликацијата WVP mFunds    кога истата била достапна; 
  • Корисникот не ги почитува овие Општи правила и услови за користење на апликацијата; 
  • Друштвото престане да нуди услуги преку апликацијата, за што Друштвото ќе го информира Корисникот. 

 

Обврски на Друштвото 

Друштвото се обврзува да:  

  • ги извршува своите обврски во согласност со овие Општи правила и услови 
  • го информира Корисникот за било какви измени и/или дополнувања на Општите правила и услови  
  • го информира Корисникот кога Друштвото ќе одлучи да престане да нуди услуги преку апликацијата, за што Друштвото ќе го информира Корисникот.  

Друштвото нема да биде одговорно за штети настанати поради причини кои Друштвото не можело да ги спречи или избегне и не се во негов домен на работење, како и во случај на штета настаната поради „виша сила”. Друштвото не одговара за било каков дефект на мобилниот уред, вклучувајќи го и оној предизвикан од вирус.  

Заштита на лични податоци  

Со активација на услугата, Корисникот се согласува дека Друштвото може да ги обработува неговите лични податоци во согласност со Политиката за приватност на друштвото. Корисникот со прифаќање на овие Општи услови, е запознаен дека податоците нема да бидат откриени на трети страни и истите по остварување на целта заради која се прибрани ќе бидат соодветно избришани. Податоците се користат само за целта наведена погоре и Друштвото на сигурен и безбеден начин ги прибира и постапува со истите. 

Политика за приватност и Информации за обработка на лични податоци при користење на мобилната апликација WVP mFUNDS 

Политиката за приватност и Информациите за обработка на лични податоци при користење на мобилната апликација WVP mFUNDS ги дефинираат актуелните политики на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје и претставува ветување за приватност на клиентот. Овие документи исто така опишуваат за која цел апликацијата WVP mFunds ги собира, пристапува и обработува Ваши податоци и како е заштитена Вашата приватност. Ве молиме пред користење на апликацијата WVP mFunds внимателно да ги прочитате овие документи и да бидете во чекор со сите промени за да бидете сигурни дека навремено сте информирани и запознаени со заштитата на Вашите лични податоци. Со пристапување на апликацијата WVP mFunds, Вие се согласувате да бидете обврзани на овие услови. Со користењето на апликацијата WVP mFunds, Вие се согласувате дека Вашите податоци ќе бидат прибирани и обработувани во согласност со овие Општи правила и услови како и во согласност со Политиката за приватност и Информациите за обработка на лични податоци при користење на мобилната апликација WVP mFUNDS. 

Политика на приватност – WVP Fund Management  

Зошто ги собираме, пристапуваме и обработуваме Вашите податоци  

ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје нуди и продава финансиски услуги и производи на клиентите. Со цел на клиентите да им обезбеди увид кон целосната палета на функционалности, на апликацијата WVP mFunds, и е потребен пристап до дел од податоците на клиентот кои се чуваат во личниот мобилен уред. Со цел да обезбеди целосен пристап до функционалностите, апликацијата WVP mFunds, има потреба и пристапува до некои од податоците и компонентите зачувани на Вашиот уред. Друштвото ги собира и обработува податоците на Корисниците на услугата апликацијата WVP mFunds   за тоа како Корисниците ја употребуваат апликацијата, со цел нејзино понатамошно подобрување. Со анализа на собраните податоци, ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје може да ги прилагоди нејзините функционалности во согласност со потребите на Корисниците, да ги оптимизира нејзините перформанси, да ја подобри безбедноста и да го имплементира искуството на Корисниците и да ја прилагоди нејзината содржина според интересите на Корисниците. 

Измени на Општите правила и услови за користење и Политиката за приватност  

ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје може да ја промени содржината и/или услугите кои се нудат преку апликацијата WVP mFunds, како и Општите правила и услови за користење на апликацијата, Политиката за приватност и Информациите за обработка на лични податоци при користење на мобилната апликација WVP mFUNDS. Во случај на Промена на Општите правила и услови за користење на апликацијата, Политиката за приватност или Информациите за обработка на лични податоци при користење на мобилната апликација WVP mFUNDS, истите ќе бидат објавени на официјалната веб страница на Друштвото (www.wvpfondovi.mk) како и достапни во самата апликација. 

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.