Ивана Ташковска – Извршен директор
Родена на 03.04.1998 во Битола, Република Северна Македонија, каде го завршува основното и средното образование. По завршувањето на средното образование, своето образование го насочува кон областа на математиката, запишувајќи се на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Институт за математика, насока Математичка економија.
Во текот на студирањето развива посебен интерес кон статистичките модели, финансиската анализа и примената на математичките методи во економијата. Успешно дипломира и се стекнува со звање Дипломиран математичар – инженер по математичка економија.
Во 2020 година се приклучува на тимот на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје како Финансиски аналитичар, каде е ангажирана на вреднување на инвестициски фондови, секојдневно управување со ликвидноста, подготовка на анализи на ризик и инвестициски препораки, како и изработка на извештаи за регулаторни институции.
Од 2022 година ја презема функцијата Раководител на организациска единица за тргување – Front Office во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, каде е одговорна за управување со портфолија на инвестициски фондови согласно дефинираните инвестициски стратегии и регулаторни барања. Нејзините активности вклучуваат анализа на финансиските пазари, подготовка на препораки за стратешка алокација на средства, следење на перформансите, усогласеноста и ликвидноста на фондовите, како и управување со портфолија на индивидуални инвеститори.
Поседува лиценца за инвестициски советник издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, како и положено Ниво 1 од CFA програмата, со што дополнително ги надградува своите знаења од областа на управување со средства и анализа на финансиски инструменти.
Низ својата професионална кариера развива силни аналитички и лидерски способности, особено во области поврзани со управување со средства, финансиски пазари и донесување стратешки инвестициски одлуки. Нејзиното искуство вклучува раководење со тимови, координација на инвестициски процеси и работа во средини со висок степен на одговорност и регулаторна усогласеност.
Континуирано ги унапредува своите знаења преку професионални обуки и следење на современите трендови во управувањето со средства, финансиската анализа и инвестициското советување.
Постојано ги подобрува и проширува своите знаења и вештини преку присуство на бројни конференции од областа на управување со средства и управување со ризици.