Во процесот на управување со средствата Друштвото го применува долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата, особено инвестициската политика на вложување на затворениот инвестициски фонд WVP Invest од Австрија.

ВФП ЕТИКС АКЦИИ – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП1 08-52 од 22.07.2024 година

Инвестициската цел ќе се оствари преку професионално управување со средствата на фондот, односно креирање на портфолио на хартии од вредност на најразвиените и најрегулирани пазари во светот. Во фокус на инвестициската политика на фондот ќе бидат големите компании – „Large Caps” кои се лидери во сопствените индустрии и имаат континуирана и растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите.

Во процесот на вложувањето особено внимание ќе се обрне на минимизирање на ризиците кои може да се јават кај овој вид на инвестирање. Фондот ќе инвестира исклучиво во компании со над 2 милијарди евра пазарна капитализација од развиени држави, при тоа бирајќи компании со солидни фундаменти кои се во согласност со шеријатските етички принципи и држење на истите на долг временски период чекајќи да испорачаат раст на своите добивки од своето делување.

Процесот на креирање на портфолио на хартии од вредност започнува со исклучување на сектори и активности кои не се во согласност со шеријатските принципи, односно, во
изборот на компании, се исклучуваат компаниите со повеќе од 5% од нивните вкупни приходи од:
• Алкохол
• Производи од свинско месо
• Тутун
• Коцкање
• Порнографија
• Конвенционални финансиски услуги
• Конвенционално осигурување
• Тргување со злато и сребро на одложена готовинска основа

Друштвото ќе води сметка ниту една компанија вклучена во портфолиото да нема сооднос помеѓу долгот и пазарната капитализација на компанијата повисок од 33% или поседува готовина и краткорочни финансиски инструменти кои изнесуваат повеќе од 33% од нивната пазарна капитализација. Овој строг финансиски критериум обезбедува усогласеност со шеријатските закони во врска со каматата и долгот

 

За кого е наменет?

Совршен е за:

  • инвеститори со стабилни приходи,
  • инвеститори што имаат инвестициски период над 10 години,
  • помлади луѓе,
  • инвеститори што се спремни да преземат високо ниво на ризик.

За да станете инвеститор во фондот ВФП Етикс Акции треба да:

  1. Попoлнувате барање за купување удели во ВФП Етикс Акции. Во зависност со кој износ и каков план на инвестирање сте се определиле со помош на нашите овластени агенти, ја одредувате висината на сумата за инвестирање, времетраењето и динамиката на уплата на вашата инвестиција;
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од Ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откога ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели“и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата.  Оваа потврда е доказ за сопственоста на Вашите удели во фондот ВФП Етикс Акции;
  4. Истиот ден добивате корисничко име и лозинка со инструкции за активирање на вашиот личен инвеститорски профил. Ова е најсовремена и единствена можност инвеститорите на ВФП Фонд менаџмент, во секое време преку Интернет да можат да ја следат состојбата на уделите и да имаат увид на сите трансакции направени во ВФП Фонд менаџмент. Со оваа веб-апликација сакаме уште повеќе да ја зацврстиме нашата мисија – да бидеме најтранспаренти кон нашите инвеститори и да им нудиме иновативни услуги за остварување на нивните финансиските цели.
  5. За откуп на дел или сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели, кое може да го симнете од нашата веб-страница или да го побарате од вашиот личен агент.

Пред да пристапите во фондот Ве молиме прочитајте ги:

Проспект

Статут

Документ со клучни информации за инвеститорот

 

 

 

и оставете ни Ваши контакт податоци и ние ќе Ве контактираме за да закажете бесплатна средба со наш соработник:

    Ризик

    Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП ЕТИКС АКЦИИ содржи високо ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите што инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови што исклучиво инвестираат во акции од мали и средни компании или од компании од држави во развој. Пресметката на категоријата на ризичност ќе биде заснована на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот кога ќе има доволен примерок за пресметка на истите.

     

    Тип на ризик Степен на влијание
    ВФП Етикс Акции
    Пазарен (Промена на:)
    цени на хартиите
    каматните стапки
    девизните курсеви
    ликвидносен ризик
    Кредитен ризик
    Политички ризик
    Промена на доночни прописи
    Ризик од друга договорна страна
    Оперативен ризик
    Ризик поврзан со чување на имотот на фондот

    Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

    Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

    Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

    Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

    Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно  еднаква  на  нивната  реална  вредност, пред  сé поради  моменталната  неповолна побарувачка на пазарот.

    Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

    Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

    Оперативен ризик  – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.