Heineken
Објавено на 20.12.2020
Heineken е најголемиот производител на пиво во Западна Европа со седиште во Амстердам, Холандија. Компанијата има водечка позиција на многу европски пазари вклучувајќи ги Холандија, Австрија, Грција и Италија.
Пивото Heineken е највредниот интернационален бренд на премиум пиво во светот и е достапен скоро во секоја земја на планетата. Во своето портфолио компанијата има над 300 брендови меѓу кои Amstel, Sol, Tiger, Birra Moretti, како и првото пиво на светот со вкус на текила, Desperados. Исто така Heineken е најголемиот производител на јаболковина во светот.