HSBC Holdings PLC
Објавено на 20.12.2020
Основана во 1865 година во Хонг Конг, HSBC е една oд најголемите банки во светот со над 40 милиони клиенти. Компанијата има над 233.000 вработени и оперира во 64 држави со клучни региони во Азија, Европа, Средниот Исток, Северна Африка и Северна Америка.
Двата најголеми пазари за банката се Велика Британија и Хонг Конг. Банката нуди услуги за малопродажба, комерцијално и институционално банкарство, глобално банкарство и пазари, управување со богатството и приватно банкарство.