Rio Tinto plc
Објавено на 16.03.2022
Rio Tinto PLC е британска рударска компанија и дел од Rio Tinto групацијата заедно со Rio Tinto Limited. Компанијата ископува алуминиум, бор, јаглен, бакар, злато, железна руда, олово, сребро, калај, ураниум, цинк, титаниум, дијаманти, талк и циркон.Компанијата оперира во Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Европа и Канада. Покрај тоа што Rio Tinto е еден од најголемите произодители на бакар и јаглен во САД, нејзиниот рудник за бор во пустината Мохаве произведува 50% од светското производство на боракс.
Во својата долга историја, како резултат на добрата диверзификација, компанијата успешно се соочуваше со рецесии, политички турбуленции, прекумерни понуди и ниски цени и со проблеми со животната средина.