Одбор на директори:
- MAG. Руперт Стробл – Претседател на Одборот на директори и на Инвестицискиот одбор на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје
- Петар Андреевски – Главен извршен директор
- Андријана Поповска – Извршен директор на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје
- Блаже Петрески – член на Одборот на директори
- МAG. Вили Стефан Сајбл – член на Одборот на директори
МAG. Руперт Стробл – Претседател на одборот на директори и претседател на инвестицискиот одбор
Роден на 30.08.1954 година во Грац, Австрија, Руперт Стробл е магистер на Социјални и екoномски студии при Универзитетот во Грац. Својата кариера ја почнува како економист во Комората за вработување во Грац, за потоа да работи во осигурителната компанија Wiener Städtische AG.
Од 1986 година е вработен во WVP Versischerungsvermittlung GmbH Graz и од 1989 г. до денес ја извршува функцијата генерален директор на целата групација, WVP Versischerungsvermittlung GmbH.
MAG. Стробл има повеќе од 25 години искуство на инвестирање на светските берзи. Тој е задолжен за инвестициската политка на приватниот инвестициски фонд WVP Invest Vermögensverwaltung GmbH & Co.KEG, каде што од 1996 до 2014 година успешно управува со капитал од 25 милиони евра и остварува просечен годишен нето-принос од 7,5% за своите инвеститори. Овој успех е резултат на конзервативната стратегија на инвестирање – купување на “Blue Chips” – големи и сигурни компании по атрактивна цена кои и за време на економска рецесија прават добра добивка и им исплатуваат дивиденда на инвеститорите.
Неговото долгорочно и успешно искуство во инвестирање во хартии од вредност на светстките берзи ќе го искористеме за фондот ВФП Премиум инвест, каде што е и претседател на инвестицискиот одбор на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје.
МAG. Руперт Стробл е претседател на одборот на директори на ВФП Осигурително брокерско друштво АД Скопје како и во одбор на директори на сите 17 компании ќерки на групацијата WVP GmbH Graz.
Петар Андреевски – Главен и извршен директор
Роден на 29.07.1985 година. Дипломирал на факултетот за Електротехника и информациски технологии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, насока информатика и компјутерско инженерство. Поседува лиценца за осигурителен брокер издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. Посетувал многубројни специјализирани обуки и семинари во областа на менаџмент, осигурување, продажба, комуникациски вештини и реторика во Австрија, САД, Хрватска и Македонија. Учествувал во многубројни интерактивни настани за обука на соработниците на ВФП АД Скопје, при што има одржано стручни предавања на темите осигурување, продажба и комуникациски вештини.
- Од 2004 година работи како консултант за WVP Versischerungsvermittlung GmbH Graz.
- Во 2010 се вработува како осигурителен брокер во осигурително брокерско друштво ВФП АД скопје и е еден од најуспешните брокери.
- Во 2012 година е прогласен за најдобар менаџер за продажба во групацијата – WVP Group која е присутна во 17 држави во Европа.
- Во 2008 година е коосновач на брокерската куќа ЕУРОХАУС АД Скопје, членка на Македонската берза за хартии од вредност. Во оваа компанија ја извршува функцијата на менаџер за развој, стратешки менаџмент и аквизиција на големи клиенти.
Андријана Поповска – Извршен директор
Родена на 05.11.1993 година во Битола, Македонија, каде го завршува основното и средно образование со континуиран одличен успех.
По завршувањето на средно образование во 2012 година, се определува за Институтот по метематика при Природно- математички факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”, насока Теориска математика, како соодветен избор каде ќе може да го прошири и продлабочи своето знаење и интерес кон математиката. По две години, покажува особен интерес кон финансиската математика, статистички модели и веројатност, по што запишува дополнителна насока – математичка економија.
Како студент била директен учесник на неколку конференции од областа на осигурување и актуарство.Успешно дипломира во 2017 година, на тема ,, Искуствено утврдување на математичка резерва во неживотно осигурување со помош на Chain Ladder метод” со што се стекнува со звање Дипломиран мaтематичар и Дипломиран инженер по математичка економија.
Кон крајот на последната академска година, ја започнува својата пракса во Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, каде по три месеци обавена пракса на 21.03.2017 станува дел од тимот на ВФП Фонд Менаџмент.
До момент на пишување, работи во ВФП Фонд Менаџмент на позицијата Портфолио менаџер за отворените инвестициски фондови, каде е задолжена за управување со портфолиото фондовите паралелно придржувајќи се до инвестицискиот профил, ризик и поставената структура на вложување на фондот, изготвување на стручни анализи за остварените и потенцијални приноси и ризици на пазарите на капитал и редовна комуникација со клиентите.
Во ноември 2018 успешно ја завршува едногодишната сертифицирана програма за управување со ризици при Академија за банкарство и информатички технологии во Скопје, завршен проект ,,Анализа на ризиците кои се појавуваат при управување со портфолио од хартии од вредност”, при по што се стекнува со титулата Certified Risk Manager (CRO).
На 27.12.2019 со решение број 09-1414/1 издадено од Комисија за хартии од вредност на Р.С. Македонија се стекнува со лиценца за инвестициски советник, по претходно положување на стручниот испит за инвестициско советување.
Во мај 2022 успешно го положи првиот дел од светски реномираната лиценца за управување со ризици FRM – Financial Risk Manager, како дел од GARP (Global Association of Risk Professionals) институтот.
Постојано ги подобрува и проширува своите знаења и вештини преку присуство на бројни конференции од областа на управување со средства и управување со ризици.
Блаже Петрески – Неизвршен член на одбор на директори
Роден на 27.11.1973 година. Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј. Поседува лиценца за осигурителен брокер издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. Посетувал многубројни специјализирани обуки и семинари во областа на менаџмент, осигурување, продажба, комуникациски вештини и реторика во Австрија, САД, Хрватска и Македонија. Учествувал во многубројни интерактивни настани за обука на соработниците на ВФП АД Скопје, при што има одржано стручни предавања на темите осигурување, продажба и комуникациски вештини.
- Од 2005 година е Извршен директор во осигурително брокерско друштво ВФП АД скопје и е еден од најуспешните брокери.
- Од 2014 година е Неизвршен директор во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.
МАG Вили Стефан Сајбл – Неизвршен и независен член на одбор на директори
Роден на 06.06.1947 година во Грац Р. Австрија. Носител на титулата Магистер по економски науки при Универзитет во Грац.
Од 1983 – 1989 година е Регионален Директор во Виенер Стадтише Осигурување / Wiener Städtischе и е одговорен за профитабилно водење на експозитурите во регионот, концентриран во раст на продажбата и ефективно водење на администрацијата.
Од 2014 година е Независен и неизвршен член на одборот на директори во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.