Abbvie Inc
Објавено на 19.12.2020
Abbvie е американска биофармацевтска компанија која оперира во областа на имунологијата и онкологијата. Компанијата е формирана во 2013 година преку одделување од Abbot Laboratories.
Компанијата испитува нови методи за борба против вирусот хепатит C, кој влијае на 170 милиони луѓе низ целиот свет. Abbvie исто така вложува во истражување на супстанци за справување со болести како што се шизофренија, хронични заболувања, Алцхајмер и мултиплекс склероза. Преку спојувањето со Allergan, Abbvie додаде и неколку нови лекови во своето портфолио од областа на естетиката и здравјето на жените.