Adler Modemärkte AG
Објавено на 19.12.2020
Adler Modemärkte AG е ланец на продавници за облека и е еден од водечките и најголемите во Германија. Моментално, компанијата раководи со 178 продавници, од кои 154 во Германија, 21 во Австрија, 2 во Луксембург и 1 во Швајцарија.
Adler се фокусира на поголеми продажни места, односно продавниците со кои тие работат се најчесто над 1000 метри квадратни. Компанијата исто така оперира и преку онлајн продажба. Поголемиот дел од приходите компанијата го генерира од свои брендови како Bexley, Malva и My Own за жени, Senator, Eagle и Via Cortesa за мажи.