ADYEN NV
Објавено на 19.12.2020
Adyen е компанија која обезбедува решенија за плаќање. Таа нуди платформа за прифаќање на интернет, мобилни и point-of-sale плаќања во голем број на држави преку различни шеми и метадологии за плаќање.
Adyen започна да работи само со обезбедување на услуги за плаќање на трговците, но наскоро се прошири и кон услуги за стекнување на трговци. Исто така компанијата се стекна и со банкарска лиценца за подобрување во порамнувањето на сметките на трговците. Adyen има над 3500 корисници и е со седиште во Холандија.