Allianz SE
Објавено на 19.12.2020
Основана во 1890 во Берлин, Allianz SE е глобален лидер во осигурување и еден од најголемите управувачи со средства во светот.
Компанијата нуди високо квалитетни услуги преку Allianz Global Investors и PIMCO, Allianz Global Corporate и Specialty, Allianz Technology, Euler Hermes и Allianz Partners. Компанијата работи со 85 милиони приватни и корпоративни потрошувачи и повеќе од 142.000 работници.
Покрај големиот спектар на услуги, компанијата е и голем спортски спонзор. Allianz е главен спонзор на ФК Баерн Минхен и според неа е именуван и истоимениот стадион – Allianz арената – која е едно од главните обележја на Минхен. Логото на Allianz ги краси и покривите на стадионите во Сиднеј, Виена, Сао Паоло и Лондон.