ASML Holding
Објавено на 19.12.2020
ASML e лидер во производството на напредни технолошки системи за индустријата за полупроводници, со седиште во Холандија.
Компанијата всушност дизајнира, развива и продава системи и услуги кои се користат за изработка на чипови, што пак се главен дел основен дел во огромен број производи од електрониката, комуникациската и информатичката технологија.
Производите на ASML ги користат сите големи производители на полупроводници, меѓу кои и Intel, Samsung и TSMC.