AstraZeneca
Објавено на 19.12.2020
AstraZeneca е меѓународна фармацевтска компанија формирана во 1999 со спојување на шведската компанија Astra и британската Zeneca. По спојувањето, таа е една од најголемите фармацевтски компании во светот и има направено голем број на аквизиции.
AstraZeneca e еден од најголемите производители на лекови во светот и оперира во над 100 држави. Компанијата развива лекови за кардиоваскуларните болести, рак, инфекции, гастроинтестинални и респираторни болести. Исто така, тимовите на AstraZeneca работат заедно со водечките светски академски и биотехнолошки истражувачки институции со цел постојана стимулации на иновации.