BNP Paribas
Објавено на 20.12.2020
BNP Paribas е француска комерцијална банка која во 2010 година беше најголемата банка во Европа според вредноста на депозитите. Присутна е во 74 држави со повеќе од 190.000 вработени. Банката е една од 30-те најголеми банки кои се класифицирани како системски важни финансиски институции. Како таква таа е предмет на посебен мониторинг и построги правила.
BNP Paribas има доста широка понуда на услуги и тоа од едноставна активност за приватни бизнис клиенти, па инвестициско банкарство, до услуги за комплицирани преземања на компании.