Boeing
Објавено на 19.12.2020
Формирана во 1916 година, Американската компанија Boeing е најголемиот производител на цивилни и воени авиони и хеликоптери во светот, како и воена и вселенска технологија. Компанијата вработува повеќе од 153.000 луѓе во САД и во повеќе од 65 држави и е со седиште во Чикаго.
Повеќе од 10.000 комерцијални авиони произведени од Boeing функционираат низ светот, што е скоро половина од вкупниот број авиони на светско ниво. Најпознатиот авион на Boeing е 747, познат и како Air Force One од филмовите и државните приеми.
Boeing e најголем извозник на производите во Америка, и како таква таа ги подржува авиокомпаниите и потрошувачите од САД, како и потрошувачите кои се сојузници на владата во повеќе од 150 држави.