Booking Holdings Inc
Објавено на 19.12.2020
Booking е светски лидер во обезбедување на онлајн услуги за патувања. Компанијата нуди услуги за резервации на хотелски соби, авионски билети, изнајмување автомобили, крстарења, ресторани и други пакети за одмор.
Booking управува со голем број на брендирани страни за резервации меѓу кои и Booking.com, Priceline.com, Agoda, OpenTable и Rentalars.com.
Компанијата работи на повеќе од 40 јазици низ Европа, Северна и Јужна Америка, азиско-пацифистичкиот регион, Средниот Исток и Африка. Мисијата на компанијата е да овозможи олеснето патување низ целиот свет.