British American Tobacco PLC
Објавено на 16.03.2022
British American Tobacco заедно со Phillip Morris е најголема светска компанија за производство на цигари. Како најпознати нивни брендови се Dunhill, Kent, Pall Mall, Lucky Strike, и Rothmans, а исто така има сопственост врз Newport и Camel во САД. Компанијата исто така продава електронски цигари под брендот Vype, и тутунски производи без чад.
British American Tobacco има 31% од сопственоста на ITC Limited, која што е водечки производител на цигари во Индија. Тие работат во повеќе од 180 држави со повеќе од 55 000 вработени.