Carrier Global Corporation
Објавено на 20.12.2020
Carrier Global Corporation е американска компанија со седиште во Флорида, која произведува продукти за греење, вентилација и климатизација, како и производи за пожар и обезбедување.
Измислувањето на модерното климатизирање му се припишува на Willis Carrier во 1902 година, а во 1915 тој и 6 други инженери сo 32 илјади долари ја формираа Carrier Engineering Corporation. Денес компанијата вреди над 18 милјарди долари и во нивното портфолио на брендови спаѓаат Carrier, Kidde, Edwards, LenelS2 и Automated Logic.