Deutsche Bank
Објавено на 20.12.2020
Со историја која датира од 1870 година и седиште во Франкфурт, Deutsche Bank е најголемата банка во Германија и една од најголемите финансиски институции во Европа и светот, мерено според вкупните средства (1,39 милјарди евра на 30 септември 2020).
Компанијата нуди широк спектар на инвестициски и финансиски производи и други поврзани услуги. Бизнис активностите се поделени на три сегменти: Корпоративна и инвестициска банка, Приватна и комерцијална банка и Управување со средства. Сегментот за управување со средствата на Deutsche Bank е еден од најголемите во светот.