Deutsche Boerse AG
Објавено на 20.12.2020
Deutsche Boerse е компанија за финансиска размена со седиште во Франкфурт, Германија, или едноставно кажано таа е пазар, и тоа еден од најголемите во светот.
Компанијата првенствено генерира приходи преку Eurex и Clearstream. Eurex овозможува тргување и клиринг на деривати. Clearstream нуди услуги за чување и порамнување на домашни и меѓународни хартии од вредност. Други сегменти на Deutsche Boerse се Xetra, која генерира приходи преку тргување, STOXX, индекс бизинисот, и неколку други.