Dow Inc.
Објавено на 20.12.2020
Американската компанија Dow, позната и како Dow Chemical Company, е еден од светските лидери во производството на хемиски производи и е формирана во 2019 година со одделување од DowDuPont.
Dow произведува скоро се што им е потребно на производителите да ги направат своите крајни производи. На пример полиетилен, полиуретан, полипропилен, парафини, пластомери се само дел од нејзините продукти кои започнуваат со буквата П. Компанијата прави комбинација на науката и технологијата за развој на иновативни решенија кои се од суштинско значење за човековиот напредок. Dow има над 50.000 вработени на повеќе од 200 локации низ светот.