GlaxoSmithKline PLC
Објавено на 20.12.2020
Британската компанија GlaxoSmithKline е една од најголемите фармацевтски компании во светот. Компанијата работи во неколку терапевтски области како што се респираторни, онколошки и антивирусни, како и вакцини и производи за здравствена заштита на потрошувачите.
Glaxo е позната по лековите за астма, Advair, а застапена е и на пазарите за HIV со лековите Triumeq и Tivicay. Компанијата е голем продавач на пасти за заби со брендовите Sensodyne, Parodontax и Voltadol, а остварува големи приходи и од лекот против болки во зглобовите Voltaren и за намалување на треска Panadol.