Goldman Sachs
Објавено на 20.12.2020
Основана во 1869, Goldman Sachs Group е водечка глобална инвестициска банка со седиште во Њујорк и канцеларии во Лондон, Франкфурт, Токио, Хонг Конг и други големи финансиски центри во светот. Компанијата има разновидна база на клиенти која вклучува корпорации, финансиски институции, флади и физички лица.
Goldman Sachs оперира преку четири сегменти: Инвестициско банкарство, Глобални пазари, Сегмент за потрошувачи и управување со богатството и Управување со средствата. Речиси 60% од приходите компанијата ги остварува во Америка, 15% во Азија и 25% во Европа, Средниот Исток и Африка.