Infineon Technologies AG
Објавено на 20.12.2020
Infineon е германска компанија формирана со одделување од Siemens во 2000 година и денес е еден од најголемите производители на чипови во Европа.
Компанијата произведува и продава полупроводници, микрочиповите што доведоа до огромно зголемување на брзината, преносливоста и можностите на компјутерите и огромен број други електронски уреди.
Компанијата е лидер на пазарите за автомобилски и индустриски чипови, а исто така фокус става и на лични карти и безбедносни решенија кои вклучуваат полупроводници.