JPMorgan Chase
Објавено на 20.12.2020
JPMorgan Chase & Co е една од најголемите и најважните финансиски институции во САД, а и во светот, со повеќе од 2,5 трилиони долари средства и приближно 240.000 вработени. Компанијата е формирана во 2000-тата година со спојување на J.P.Morgan & Co. и Chase Manhattan Bank.
Организирана е во четири големи сегменти: Банкарство за потрошувачи и заедници, корпоративно и инвестициско банкарство, комерцијално банкарство и управување со средства и богатство.