LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton
Објавено на 20.12.2020
LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SE е најголемата компанија за луксузни производи во светот.
LVMH произведува вина и алкохолни пијалоци (Dom Perigon, Moet & Chandon, Veuve Clicquot и Hennessy), парфеми (Christian Dior, Guerlain и Givenchy), козметика (Make Up For Ever, Fresh и Benefit), мода и кожни производи (Mark Jacobs, Givenchy, Kenzo и Louis Vuitton) и часовници и накит (TAG Heuer, Bulgari). Селективната малопродажба на LVMH ги вклучува Sephora продавниците за козметика, стоковните куќи Le Bon Marche Paris и DFS групацијата. LVMH е во сопственост на холдинг компанијата Christian Dior и Bernard Arnault кој е најбогатиот човек во Франција.