Mastercard
Објавено на 09.03.2021
Mastercard е американска мултинационална корпорација за финансиски услуги, основана во 1966 година Mastercard е водечка глобална компанија која нуди решенија за плаќање што ги обезбедува на повеќе начини односно низ кредитни, дебитни, мобилни, веб-базирани и безконтактни плаќања и други програми поврзани со електронско плаќање до финансиските институции. MasterCard управува и лиценцира брендови за платежни картички, вклучувајќи MasterCard, Maestro и Cirrus.
Компанијата генерира приходи од надоместоците што им ги наплатува на своите клиенти за обработка на трансакциите и други услуги поврзани со плаќање.