Nestle
Објавено на 20.12.2020
Со повеќе од 150 години историја, Nestle е број еден компанија за храна во светот, светски лидер во кафе (Nescafe) и минерална вода (Perrier). Компанијата вработува околу 328.000 луѓе и има фабрика или работни операции скоро во секоја држава во светот.
Нивното портфолио на производи ја опфаќа скоро секоја категорија на храна и пијалоци, за сите возрасти и пригоди, со над 2.000 брендови. Тука спаѓаат Nestle, Orion, KitKat, Nespresso, Nescafe, Cerelac, Gerber, Lion, Nesquik, Milo, Chef, Maggi, и Nestle Ice Cream. Компанијата има и широк спектар на производи за домашни миленици. Nestle исто така поседува и 23% од француската козметичка команија L’Oreal.