Novartis
Објавено на 20.12.2020
Novartis е фармацевтска швајцарска компанија која развива, произведува и продава брендирани и генерички лекови на рецепт, активни фармацевтски состоки (API), биосимилари и офтамолошки производи.
Компанијата работи преку два сегмента: Иновативни лекови и Sandoz. Сегментот за иновативни лекови развива и произведува лекови за крвен притисок, рак и други болести. Сегментот Sandoz е меѓу најголемите производители на генерички лекови во светот, што исто така произведува и API. Novartis ги произведува лековите: Clozaril, Voltaren, Tegretol, Diovan, Glivec, Femara и други.