PepsiCo
Објавено на 20.12.2020
PepsiCo Inc е една од најголемите компании за храна и пијалоци во светот, со седиште во Њујорк.
Во брендовите на пијалоци на компанијата спаѓаат Pepsi, Mountain Dew, Tropicana и вода Aquafina. PepsiCo исто така ги поседува Frito-Lay грицките со производите Lay’s, Ruffles, Doritos и Cheetos, потоа Quaker Food, Rice-A-Roni и Near East. Покрај брендовите кои се во сопственост на компанијата, таа исто така произведува и дистрибуира други брендови преку партнерства со компании како Starbucks. Производите на Pepsi со достапни во повеќе од 200 земји, при што во САД се генерираат речиси 60% од приходите.