Procter & Gamble
Објавено на 20.12.2020
Од основањето во 1837 година, Prоcter & Gamble Company стана една од најголемите производители на производи за широка потрошувачка во светот, генерирајќи над 70 милјарди долари годишна продажба.
Компанијата работи преку пет глобални сегменти кои го сочинуваат нејзиното огромно портфолио од производи за нега на коса, кожа, бебиња и ткаенини, а и производи за семејна, орална и женска нега. Компанијата има 65 брендови во кои спаѓаат Bounce, Gillette, Pampers, Head & Shoulders, Pantene, Crest, Pepto Bismol, Puffs, Swiffer, Tide, Ariel и Always. Своите производи P&G ги продава во над 180 држави, иако САД е нивниот најголем пазар.