Prudential PLC
Објавено на 20.12.2020
Prudential plc е британска мултинационална финансиска компанија со седиште во Лондон. Компанијата е основана во Лондон 1848 година со цел обезбедување на заеми на правни и физички лица.
Денес компанијата нуди осигурување на живот, производи за долгорочно штедење и заштита и услуги за управување со средствата. Prudential има 20 милиони потрошувачи во Азија, САД и Велика Британија. Таа е сопственик на Prudential Corporation Asia, која работи со осигурување и управување со средствата и Jackson National Life Insurance Company, која е една од најголемите осигурителни компании во САД.