RELX
RELX е британска компанија со седиште во Лондон, која работи со обезбедување на информации и анализи за професионални и деловни клиенти од различни индустрии. Нејзините производи и услуги се со интелектуална содржина испорачани преку разни медиуми, како интернет, списанија и книги.
Компанијата работи преку четири сегменти: Научен, Технички и медицински, Аналитика на ризик и бизнис и Правен и изложбен сегмент. Првите два сегменти обезбедуваат информации и анализи кои им помагаат на институциите и професионалците да напредуваат во науката и здравството, a третиот сегмент нуди решенија и алатки за одлучување при кои се комбинира јавната содржина и содржина од соодветната индустрија со технологијата и аналитиката. Со правниот дел се обезбедуваат информации и анализи на правни, корпоративни и владини организации, додека изложбениот сегмент работи преку Reed Exhibitions, што претставува изложбен бизнис, со настани во повеќе од 30 држави.