Sanofi
Објавено на 20.12.2020
Sanofi е една од најголемите фармацевтски компании во светот, со седиште во Париз, Франција. Нејзина основна дејност е производството на лекови со рецепт за третман и спречување на широко распространети состојби како што се кардиоваскуларните болести, дијабетес и тромбоза.
Најголем генератoр на приходи на Sanofi е инсулинот Lantus. Компанијата е лидер на светскиот пазар за вакцини под брендот Sanofi Pasteur. Сегментот за нега на животните работи под имато Merial, а сегментот за генерички производи под името Winthrop/Zentiva.