Зошто ВФП Бонд?
+ Милиони евра инвестирани средства
+ Клиенти инвеститори
+ Години Австриски Know-How
* Бројките се однесуваат на податоци од 30.11.2024
ВФП БОНД – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП 1 08-80 од 16.12.2016 година.
Според инвестициската стратегија, фондот е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.
Поголем дел од средствата на Фондот се инвестираат во државни и корпоративни обврзници на Р. Македонија, земји-членки на ЕУ, ОЕЦД и ЦЕФТА, како и во депозити на овластени банки во Р. Македонија.
Главни мотиви за инвеститорите во фондот се:
- Можност за изложеност на средствата на инвеститорите во финансиски инструменти надвор од Р. Македонија – географска дисперзија;
- Атрактивен принос во однос на депозити со девизна клаузула во банките во Р. Македонија;
- Диверзификација на портфолиото во повеќе финансиски инструменти со умерен ризик;
- Ликвидност на средствата;
- Професионалното управување на средствата на фондот;
- Автоматското реинвестирање на добивката;
- Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент.
За кого е наменет?
Фондот е оптимален за:
- инвеститорите што претпочитаат понизок ризик од ВФП Премиум Акции
- за инвеститори што имаат намера да ги искористат средствата за остварување на сопствени цели за пократко од 10 години, а подолго од 1 година.
- за постари и поконзервативни инвеститори.
Ризик
Инвестициската политика според која се гради портфолиото на Фондот ВФП Бонд содржи умерено ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови, а во исто време е понизок од ризикот на фондовите што вложуваат во акции.
Тип на ризик |
Степен на влијание |
ВФП Бонд | |
Пазарен (Промена на:) |
|
цени на хартиите |
висок |
каматните стапки |
висок |
девизните курсеви |
среден |
ликвидносен ризик | низок |
Кредитен ризик | среден |
Политички ризик | низок |
Промена на доночни прописи | низок |
Ризик од друга договорна страна | низок |
Оперативен ризик | среден |
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот |
низок |
Во рамки на постапката за идентификација на ризиците, согласно инвестициската политика и планираната стрктура на вложување на фондовите, наведена во Проспектот на инвестицискиот фонд, друштвото ги идентификува следните инвестициски ризици:
Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.
Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.
Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.
Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.
Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.
Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.
Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.
Оперативен ризик – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.
Овде можете да ги најдете сите финансиски и ревизорски извештаи за ВФП 100% Бонд о.ф.
За да станете инвеститор во фондот ВФП Бонд треба да:
1.Попoлнувате барање за купување на удели во ВФП Бонд. Во зависност со кој износ и каков план на инвестирање сте се определиле со помош на нашите овластени агенти, ја одредувате висината на сумата за инвестирање, времетраењето и динамиката на уплата на вашата инвестиција;
- Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од Ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
- Првиот работен ден откога ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава потврда за купување уделии ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во пристапницата. Ова Потврда е доказ за сопственоста на Вашите удели во фондот ВФП Бонд;
- Истиот ден добивате „корисничко име„ и „лозинка„ со инструкции за активирање на вашиот личен инвеститорски профил. Ова е најсовремена и единствена можност инвеститорите на ВФП Фонд Менаџмент, во секое време преку Интернет да можат да ја следат состојбата на уделите и да имаат увид на сите трансакции направени во ВФП Фонд менаџмент. Со ова веб-апликацја, сакаме уште повеќе да ја зацврстиме нашата мисија – да бидеме најтранспаренти кон нашите инвеститори и да им нудиме иновативни услуги за остварување на нивните финансиските цели.
- За откуп на дел или сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели, која можете да ја симнете на нашата веб-страница или да го побарате од вашиот личен агент.
Документ со клучни информации за инвеститорот
или оставете ни Ваши контакт податоци и ние ќе Ве контактираме за да закажете бесплатна средба со наш соработник: