ВФП Етикс Акции

ВФП Етикс Акции е фонд за инвеститори кои сакаат нивниот капитал да расте – но во рамки на јасни вредности. Во свет во кој профитот е приоритет, овој фонд инвестира исклучиво во големи, стабилни корпорации од развиени пазари, со јасни финансиски параметри и долгорочен потенцијал за раст.

Дознај повеќе!
107.0365 MKD 08.04.2026
6 / 7
10+ години
АКЦИСКИ

Како функционира фондот ВФП Етикс Акции?

Наместо широка и неконтролирана експозиција, портфолиото се гради селективно, со строги критериуми за квалитет, структура на долг и одржливост. Резултатот е стратегија која прифаќа ризик во замена за потенцијал за повисок принос.

Во процесот на управување со средствата Друштвото го применува долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата, особено инвестициската политика на вложување на затворениот инвестициски фонд WVP Invest од Австрија.

Инвестициската цел ќе се оствари преку професионално управување со средствата на фондот, односно креирање на портфолио на хартии од вредност на најразвиените и најрегулирани пазари во светот. Во фокус на инвестициската политика на фондот ќе бидат големите компании – „Large Caps” кои се лидери во сопствените индустрии и имаат континуирана и растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите.

Во процесот на вложувањето особено внимание се обрнува на минимизирање на ризиците кои може да се јават кај овој вид на инвестирање. Фондот инвестира исклучиво во компании со над 2 милијарди евра пазарна капитализација од развиени држави, при тоа бирајќи компании со солидни фундаменти кои се во согласност со шеријатските етички принципи и држење на истите на долг временски период чекајќи да испорачаат раст на своите добивки од своето делување.

Процесот на креирање на портфолио на хартии од вредност започнува со исклучување на сектори и активности кои не се во согласност со шеријатските принципи, односно, во изборот на компании, се исклучуваат компаниите со повеќе од 5% од нивните вкупни приходи од:

  • Алкохол
  • Производи од свинско месо
  • Тутун
  • Коцкање
  • Порнографија
  • Конвенционални финансиски услуги
  • Конвенционално осигурување
  • Тргување со злато и сребро на одложена готовинска основа

Друштвото води сметка ниту една компанија вклучена во портфолиото да нема сооднос помеѓу долгот и пазарната капитализација на компанијата повисок од 33% или поседува готовина и краткорочни финансиски инструменти кои изнесуваат повеќе од 33% од нивната пазарна капитализација. Овој строг финансиски критериум обезбедува усогласеност со шеријатските закони во врска со каматата и долгот.

ВФП ЕТИКС АКЦИИ е отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП1 08-52 од 22.07.2024 година.

За кого е наменет?

Ова е фонд наменет за посебен тип на инвеститори, односно оние кои знаат во што вложуваат. Тој е совршен за:

  • инвеститори со стабилни приходи,
  • инвеститори што имаат инвестициски период над 10 години,
  • помлади луѓе,
  • инвеститори што се спремни да преземат високо ниво на ризик.

За да станете инвеститор во фондот ВФП Етикс Акции треба да:

  1. Попoлнувате барање за купување удели во ВФП Етикс Акции.
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откако ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели” и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата.
  4. За откуп на дел или на сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели.

Документи

Ризик на WVP Етикс Акции

Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП ЕТИКС АКЦИИ содржи високо ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите што инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови што исклучиво инвестираат во акции од мали и средни компании или од компании од држави во развој. Пресметката на категоријата на ризичност ќе биде заснована на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот кога ќе има доволен примерок за пресметка на истите.

Типови на ризик Прочитај повеќе
Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Етикс Акции
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите
каматните стапки
девизните курсеви
ликвидносен ризик
Кредитен ризик
Политички ризик
Промена на доночни прописи
Ризик од друга договорна страна
Оперативен ризик
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки, информатички, правни и системски грешки.

Често поставувани прашања

Зошто ВФП Етикс Акции фондот е наречен така?

Фондот инвестира во компании кои ги исполнуваат критериумите за етичко и одржливо работење согласно шеријатските принципи на инвестирање. Тоа вклучува фактори како не вложување во компании кои работат со алкохол, оружје, тутун, коцкање, порнографија и друго. Целта е да се постигне принос, но со одговорен пристап кон инвестициите.

Дали приносот во ВФП Етикс Акции е понизок поради ограничувањата?

Не нужно. Иако изборот на компании е ограничен според горенаведените критериумите, многу од овие компании во кои се вложува се стабилни и добро управувани.

За кого е наменет овој ВФП Етикс Акции фондот?

Овој фонд е погоден за инвеститори кои сакаат нивните вложувања да имаат позитивно влијание и да направат промена во светот, а без да се откажат од потенцијалниот принос при инвестирањето. Најчесто го избираат лица кои сакаат своите финансиски цели да ги комбинираат со личните вредности во кои веруваат.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.