ГРАВЕ ФЛЕКС БОНД ЕВРО

Дознај повеќе!
117.0761 MKD 08.04.2026
4 / 7
1-10 години
ОБВРЗНИЧКИ

Ризик на Граве Флекс Бонд Евро

Типови на ризик Прочитај повеќе
Вид на ризик Степен на влијание
ГРАВЕ ФЛЕКС БОНД ЕВРО
Пазарен ризик Среден
Каматен ризик Висок
Кредитен ризик Среден
Ликвидносен ризик Низок
Валутен ризик Низок
Ризик од промена на даночните прописи Низок
Политички ризик Низок
Оперативен ризик Среден

 

Пазарен ризик – Нето вредноста на уделот во Фондот зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот. Намалувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до намалување на вредноста на портфолиото на Фондот и на остварените приноси и обратно, зголемувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до зголемување на вредноста на портфолиото на Фондот и на неговите приноси. Со цел на заштита од пазарниот ризик, Друштвото ќе се залага за негово минимизирање преку диверзифицирање на портфолиото, согласно со принципот на дистрибуција на ризикот.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. Северна Македонија. Имено, промената на каматните стапки е обратнопропорционална со промената на цената на должничките хартии од вредност. Осетливоста кај краткорочните хартии од вредност, по правило е помала во однос на долгорочните хартии од вредност. Со цел намалување на овој ризик, Друштвото средствата од фондот ќе ги инвестира во краткорочни и долгорочни должнички инструменти.

Кредитен ризик – Кредитниот ризик претставува веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат. Неисполнувањето на обврските од страна на издавачите на хартии од вредност би имало влијание на ликвидноста и би ја намалило вредноста на Фондот. Друштвото ќе го минимизира овој ризик преку следење на кредитниот квалитет на издавачите.

Ликвиден ризик – Ризик поврзан со ликвидноста претставува веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има тешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност. Друштвото ќе управува со ликвидниот ризик преку вложување во најликвидни хартии од вредност.

Валутен ризик – Валутниот ризик претставува форма на ризик која се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга. Како што и самото име кажува, овој фонд е претежно деноминиран во евра, што го прави погоден за инвеститори кои сакаат да избегнат поголема изложеност кон валутни промени.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Северна Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Политички ризик – Можноста од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Оперативен ризик – Ризик од загуба поради несоодветни или слаби внатрешни процеси, несоодветен кадар и несоодветни или слаби системи и надворешни настани. Оперативниот ризик го вклучува и правниот ризик, ризикот од перење пари и финансирање на тероризмот, како и ризикот од несоодветност на информациските системи за работа.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.