Андријана Поповска – Извршен директор
Родена на 05.11.1993 година во Битола, Македонија, каде го завршува основното и средно образование со континуиран одличен успех.
По завршувањето на средно образование во 2012 година, се определува за Институтот по метематика при Природно- математички факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”, насока Теориска математика, како соодветен избор каде ќе може да го прошири и продлабочи своето знаење и интерес кон математиката. По две години, покажува особен интерес кон финансиската математика, статистички модели и веројатност, по што запишува дополнителна насока – математичка економија.
Како студент била директен учесник на неколку конференции од областа на осигурување и актуарство.Успешно дипломира во 2017 година, на тема ,, Искуствено утврдување на математичка резерва во неживотно осигурување со помош на Chain Ladder метод” со што се стекнува со звање Дипломиран мaтематичар и Дипломиран инженер по математичка економија.
Кон крајот на последната академска година, ја започнува својата пракса во Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, каде по три месеци обавена пракса на 21.03.2017 станува дел од тимот на ВФП Фонд Менаџмент.
До момент на пишување, работи во ВФП Фонд Менаџмент на позицијата Портфолио менаџер за отворените инвестициски фондови, каде е задолжена за управување со портфолиото фондовите паралелно придржувајќи се до инвестицискиот профил, ризик и поставената структура на вложување на фондот, изготвување на стручни анализи за остварените и потенцијални приноси и ризици на пазарите на капитал и редовна комуникација со клиентите.
Во ноември 2018 успешно ја завршува едногодишната сертифицирана програма за управување со ризици при Академија за банкарство и информатички технологии во Скопје, завршен проект ,,Анализа на ризиците кои се појавуваат при управување со портфолио од хартии од вредност”, при по што се стекнува со титулата Certified Risk Manager (CRO).
На 27.12.2019 со решение број 09-1414/1 издадено од Комисија за хартии од вредност на Р.С. Македонија се стекнува со лиценца за инвестициски советник, по претходно положување на стручниот испит за инвестициско советување.
Поседува и светски реномираната лиценца за управување со ризици FRM – Financial Risk Manager, како дел од GARP (Global Association of Risk Professionals) институтот.
Постојано ги подобрува и проширува своите знаења и вештини преку присуство на бројни конференции од областа на управување со средства и управување со ризици.