L’Oreal

20.12.2020

Француската компанија L’Oreal S.A. е најголемиот производител на козметички производи во светот. Компанијата е основана во 1909 година кога Јуџин Шулер ја развил првата безопасна боја за коса. Денес L’Oreal има над 86.000 вработени, во 150 држави на 5 континенти. Во 2019 година компанијата регистрираше 497 патенти.

Таа првенствено произведува производи за нега на кожа, потоа шминка, производи за нега на коса и парфеми. L’Oreal поседува 36 брендови, од кои најпродавани се Lancome, Yves Saint Laurent, Maybelline, L’Oreal Paris, Kiehl’s, Garnier и Armani. Компанијата е исто така позната по тоа што е во првите редови во борбата против тестирањето на животни, за што под името EpiSkin прави лабараториска човечка кожа.

   

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.