Да, работиме под строга регулатива на Комисијата за хартии од. Дополнително, средствата на инвеститорите се чуваат одвоено од средствата на Друштвото и се контролирани од Депозитарната банка. Тоа значи дека постои двојна контрола и постојан надзор врз работењето, со јасно дефинирани правила кои го штитат интересот на инвеститорите.
Често Поставувани Прашања
Често поставувани прашања
Јасни и едноставни одговори на најчестите прашања поврзани со инвестирањето и фондовите. Доколку не го пронајдете одговорот што го барате, нашиот тим е тука да помогне.
Контактирај нѐ!Вашите средства се ликвидни на дневно ниво и можете да ги повлечете кога и да посакате. Доволно е да поднесете барање за откуп до Друштвото, по што средствата се исплаќаат на Вашата трансакциска сметка во законски утврден рок од седум дена. Ова овозможува флексибилност и пристап до Вашите средства кога и да имате потреба од нив.
На долг рок, акциските фондови историски нудат многу поголем потенцијал за раст кој ја победува инфлацијата. За разлика од класичната штедна книшка, каде приносот често е ограничен, акциските фондови инвестираат во компании со потенцијал за развој и раст. Токму затоа, тие претставуваат алтернатива за инвеститори кои размислуваат долгорочно.
На дневно ниво, покрај Друштвото, и Депозитарната банка (банка чувар на средства) на Фондот врши вреднување на нето вредноста на Фондот и проверува дали издавањето и откупот на удели за сметка на Фондот се врши согласно со Законот и правилата на Фондот. Води евиденција на работењето кое го врши како Депозитарна банка, за секој фонд поединечно и редовно ја усогласува со евиденцијата на Друштвото. Притоа, го пријавува до Комисијата секое кршење на одредбите од Законот. Депозитарна Банка на Фондовите под управување на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје е Комерцијална Банка АД Скопје.
Средствата на Фондовите се одвоени од средствата на Друштвото, односно Вашите средства не зависат од финансискиот резултат на Друштвото кое управува со Фондот. Во случај на затворање на друштвото или банкрот, управувањето со Фондовите се пренесува на друго Друштво за управување со инвестициски фондови. Изборот на новото Друштво го врши Комисијата за Хартии од Вредност на Р. Македонија. Вие како инвеститор во одреден фонд, го задржувате правото да побарате откуп на уделите и исплата на износот на нивната вредност на Ваша трансакциска сметка.
Во случај на ликвидација на Фондот, целото портфолио на Фондот се продава, а преостанатата нето вредност на имотот на Фондот се распределува на сопствениците на удели сразмерно на нивните удели во Фондот.
По поднесување на Барање за откуп до Друштвото, износот на вредноста на Вашите удели, Друштвото има законска обврска да ги исплати на Вашата трансакциска сметка во рок од 7 календарски дена. Барање за откуп имате право да поднесете во секој момент. Пенали за повлекување на средствата во рок пократок од препорачаниот, не се наплаќаат.
Кога одредена држава или компанија има потреба од средства за различна намена како што е инвестирање во нови профитабилни капацитети, инфраструктурни објекти и сл. има неколку опции меѓу кои е издавање на обврзница, со цел од различни инвеститори да собере доволно средства, а притоа се обврзува на определен датум на сопствениците на обврзниците еднократно или во рати да им ги исплати првично прибраните средства зголемени за камата. Обврзниците најчесто се тргуваат на секундарен пазар, односно имаат пазарна вредност и истите можат да се продадат пред датумот на доспевање, освен доколку не се чуваат до доспевање.
Со цел една компанија (Акционерско Друштво) да отпочне со работа, на истата и треба сопственички капитал, односно повеќе луѓе (идни сопственици на компанијата) инвестираат дел од своите средства во таа компанија и сразмерно на инвестицијата која ја направиле се стекнуваат со сопствеништво врз одреден дел од компанијата, односно се стекнуваат со одреден број на акции, а потоа профитот (загубата), како и одлучувачките права ги делат сразмерно на инвестираниот дел.
Еден од сопствениците на таа компанија во одреден момент може да има потреба од средства или пак повеќе не сака да биде дел од сопствениците на компанијата, во тој случај својот дел (акции) од компанијата може да го продаде на пазарот на капитал на инвеститор кој сака да биде дел од сопствениците на компанијата. Големите компании поради големиот раст кој го имале во минатото или поради големиот капитал кој го имаат прибрано од многу инвеститори се составени од голем број на акции кои редовно се тргуваат на пазарот на капитал. Па, така денес лесно може да се стекнете со сопствеништво на дел од компании како што се Apple, BMW, Microsoft, L’Oreal, Walt Disney, Mcdonald’s и др..
ВФП Јуниор Инвестицискиот Клуб е поделен во три категории: 7-9 години, 12-14 години и 16-18 години. Членовите во секоја од овие групи добива бесплатно членство и станува дел од клубот. Во зависност од групата, инвеститорите имаат право да присуствуваат на предавањата за финансиска писменост, а се наменети за соодветната возраст.
Сите инвеститори во ВФП Премиум Акции кои имаат помалку од 18 години, без плаќање на дополнителен надомест, стануваат дел од клубот и имаат право да учествуваат на сите настани организирани за Клубот.
Средствата кои Вие ги инвестирате во Фондот се инвестирани во целото портфолио, поточно Вашиот принос зависи од перформансот на сите хартии од вредност кои се дел од портфолиото на тој Фонд.
Исплатата по барање на откуп се врши исклучиво на трансакциска сметка на инвеститорот. Во случај на ополномошнето лице, тоа лице може да поднесува документи до Друштвото во име на инвеститорот, но средствата се исплаќаат исклучиво на трансакциска сметка на инвеститорот.
Апсолутно не. Ниту приближно. Пирамидалните шеми функционираат така што заработката доаѓа од внесување нови членови, а не од вистинска инвестиција. Кај инвестициските фондови средствата се вложуваат во реални хартии од вредност како акции и обврзници. Фондовите се регулирани и контролирани од надлежни институции, а средствата се управуваат транспарентно и во согласност со закон. Инвестициските фондови ќе функционираат без разлика на бројот на македонски инвеститори и не зависат од нови членови.
Не. Еден од најчестите митови е дека инвестирањето е само за луѓе со големи заштеди. Во пракса, инвестирањето може да започне и со помали износи кои постепено се зголемуваат. Важни се континуитетот и долгорочниот пристап. Со редовно инвестирање, дури и малите суми можат да се зголемат со текот на времето. Минималната сума со која може да започнете е 1000 денари месечно.
Инвестирањето секогаш носи одредено ниво на ризик, но тоа не значи дека е несигурно или непредвидливо. Кога се инвестира преку фонд, средствата се распределуваат во повеќе компании и пазари, што го намалува ризикот. На долг рок, акциските инвестиции историски покажуваат потенцијал за раст кој често ја надминува инфлацијата. Некои од ВФП инвестициските фондови носат повеќе ризик, а некои помалку. Пред да се одлучите за некој од нив, прочитајте детално каков е степенот на ризик и одлучете.
Штедењето во банка најчесто носи стабилен, но ограничен принос. Инвестициските фондови, пак, ги вложуваат средствата на инвеститорите на пазарите на капитал, што создава потенцијал за поголем раст. Разликата е во целта: штедењето е за стабилност, додека инвестирањето е за долгорочно зголемување на вредноста на средствата. Дополнително, важно е да знаете дека штедењето во банка често не ја надминува стапката на инфлација, за разлика од инвестициските фондови кои успешно се борат со истата.
Вашата инвестиција е само ваша, но професионални портфолио менаџери ги прават сите вложувања во ваше име. Тие управуваат со инвестициските фондови. Тие имаат задача да ги анализираат пазарите и да носат одлуки за вложување. Нивната работа е регулирана со закон и е под постојан надзор. Тоа значи дека инвеститорите не мора самостојно да го следат секој пазар или компанија, со што се практичен избор имајќи ги предвид нивното долгорочно искуство и детално познавање на инвестициските пазари.
Инвестирањето најчесто дава најдобри резултати кога се гледа на подолг временски период. Краткорочните движења на пазарот можат да бидат непредвидливи, но со текот на времето растот на компаниите и економијата се одразува и на вредноста на инвестициите. Затоа многу финансиски стратегии се базираат на дисциплина и трпение. Со други зборови, иако можеби светските економски текови во одредени моменти делуваат нестабилно, долгорочно одат во нагорна линија.
Најчест знак за сомнителна инвестиција е ветување за сигурна и брза заработка без ризик. Во реалните финансиски пазари секогаш постои одредено ниво на неизвесност. Регулираните инвестиции се транспарентни, имаат јасни правила и надзор од институции, додека измамите често се базираат на притисок и нереални ветувања. ВФП инвестициските фондови имаат детален опис и објаснување на ризик факторите, лиценцирани се и регулирани се од Комисијата за Хартии од вредност, што јасно укажува на нивната легитимност.
Финансиската писменост им помага на луѓето да ги разберат основните принципи на штедење, инвестирање и управување со пари, но не е круцијален фактор за да станете инвеститор. Кога инвеститорите имаат повеќе информации, полесно ги разбираат и препознаваат ризиците и финансиските одлуки, но дури и да немаат познавања, професионалните портфолио менаџери се тука токму за тоа. Со други зборови, иако е добро да имате познавања, можете да станете успешен инвеститор и без да знаете што било за светот на финансиите и инвестициите.
ВФП фондови е друштво со повеќе од 40 години искуство во светот на инвестициите. Австриската прецизност е збогатена со домашно искуство, што претставува рецепт за успех. Впрочем, фактите доволно говорат, бидејќи низ изминатите четири децении друштвото успешно преброди повеќе нестабилни периоди, меѓу кои и глобалната финансиска криза од 2008 година.
Зад ВФП фондовите стои искусен тим на врвни професионалци со докажан успех во работата и бројни сертификати, како од Македонија, така и од Австрија. Ова е менаџментот на ВФП кој е нашата движечка сила:
MAG. Руперт Стробл – Претседател на Одборот на директори и на Инвестицискиот одбор на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје
Петар Андреевски – Главен извршен директор
Андријана Поповска – Извршен директор на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје
Блаже Петрески – член на Одборот на директори
МAG. Вили Стефан Сајбл – член на Одборот на директори
Доколку не пронајдовте одговор на Вашите прашања можете да не контактирате на +389 (2) 32 800 82 или преку контакт формата во продолжение:

SQ
EN