Фондови за почетници
Фондови за почетници
Инвестициските фондови претставуваат одлична можност за вложување на Вашите парични средства, каде што Вие како инвеститор ги доверувате своите пари на специјализирани институции – Друштва за управување со инвестициски фондови.
Фондовите претставуваат колективно вложување т.е. професионално управувана форма на инвестирање, која се заснова со цел здружување на Вашите средства и средствата на останатите инвеститори, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал.
Во Република Македонија областа на инвестициските фондови е регулирана со Закон за инвестициски фондови, Закон за хартии од вредност, Законот за трговски друштва и Законот за девизно работење.
Што е инвестициски фонд?
Инвестициски фонд е начин вашите средства да се инвестираат професионално. При вложувањето во отворен инвестициски фонд, на високорегулиран начин, со потврда и од депозитарната банка се купува удел во фондот кој што е Ваша лична сопственост (слично како и депозит во банка, недвижност и др.). Дополнително, средствата во фондот не зависат од бројот на инвеститори во фондот.
За кого се наменети фондовите?
Инвестициските фондови се наменети за сите кои сакаат паметно да го управуваат својот капитал – без разлика дали сте почетник или искусен инвеститор.
Со инвестициските фондови добивате пристап до професионално управувано портфолио, со можност да изберете ниво на ризик што одговара на вашите цели.
Зошто да инвестирам преку фонд?
- Професионално управување
- Диверзификација на ризикот
- Пристап до флексибилно инвестирање
- Поголема транспарентност
Како да започнам?
- Изберете соодветен фонд
- Отворете инвестициска сметка
- Направете почетна уплата
- Следете ја вашата инвестиција

SQ
EN