Прашалникот има цел да го открие Вашиот однос и капацитет кон ризикот, Вашата инвестициска цел,
како и Вашето ниво на знаење за пазарот на хартии од вредност
Кога ќе Ви биде потребна поголема сума од Вашите инвестирани средства, за купување куќа/стан, автомобил, за патување или некое друго средство што бара поголема сума пари?
Колкава е нето-вредноста на Вашиот имот? (целокупниот Ваш имот, вклучувајќи го Вашиот дом, автомобили, сите инвестиции или депозити што ги имате минус сите долгови)
Колку години имате? (Доколку имате намера инвестицијата да ја пренесете на Ваши наследници, Ве молиме наведете ја нивната просечна возраст)
Колкав е Вашиот вкупен месечен нето приход?
Колкава е стабилноста на Вашите приходи?
Што од наведеното е точно за Вас?
Колкава загуба на Вашите долгорочно инвестирани средства би можеле да истолерирате во рок од една година под која би биле приморани да повлечете дел од средствата или сите средства?
Во октомври 1987, акциите на светските берзи паднаа за повеќе од 20% во еден ден. Во октомври 2008 година, акциите на светските берзи паднаа за повеќе од 20% во текот на еден месец. Ако Вашите инвестирани средства во инвестициски фонд паднат за 20% во краток временски период, што би направиле?
Колкаво искуство имате во тргување со хартии од вредност?
Колку често инвестирате?
Акции се:
Државни обврзници:
За вас препорачуваме инструменти со повисоко ниво на ризик
Вие влегувате во категоријата луѓе кои: имаат подолг инвестициски период, имаат поголема веројатност да преземаат ризици со цел остварување на повисоки приноси и имаат стабилни и релативно високи месечни приходи.
За Вас го препорачуваме ВФП Премиум Инвест фондот, чие портфолио е составено од инвестиции во квалитетни и растечки компании од најразвиените земји од светот. Имајќи повисока променливост на секојдневните цени на уделите во однос на преостанатите фондови, овој фонд е проследен и со повисоко ниво на ризик, но и повисока можност за заработка доколку се инвестира на долг рок.
Овој прашалник е од информативен карактер, за подетални информации, контактирајте не
За вас препорачуваме инструменти со средно ниво на ризик
Вие влегувате во категоријата на луѓе кои: имаат релативно пократок инвестициски период, не сакаат да преземаат големи ризици, т.е. имаат средно ниво на толеранција на ризик, очекуваат релативно стабилен принос.
За Вас го препорачуваме ВФП 100% Бонд фондот, чие портфолио е главно составено од инвестиции во инструмент кој е обезбеден од самите државни институции во држави ширум Светот, т.е. државни хартии од вредност. Овој фонд носи фиксен, релативно стабилен принос и е совршен за инвеститори со среден рок на инвестирање.
Овој прашалник е од информативен карактер, за подетални информации, контактирајте не
За вас препорачуваме инструменти со ниско ниво на ризик
Вие влегувате во категоријата луѓе кои: имаат краток инвестициски период, не сакаат да превземаат ризици, т.е. имаат ниско ниво на толеранција на ризик, очекуваат стабилен принос.
За Вас го препорачуваме ВФП Кеш Депозит фондот, чие портфолио е главно составено од депозити во македонски банки. Овој фонд има стабилен принос, кој е повисок од приносот на депозитите по видување (трансакциските сметки), а воедно ви овозможува ликвидност во секој момент, без плаќање на пенали како кај орочените депозити.
Овој прашалник е од информативен карактер, за подетални информации, контактирајте не