WVP Бонд

ВФП ПРЕМИУМ АКЦИИ

ВФП Премиум акции е фонд којшто ви овозможува да остварите атрактивен принос преку инвестирање во акции од водечките светски компании и искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, Германија и Швајцарија. ВФП Премиум акции е најголем акциски фонд во Република Македонија кој успешно ги инвестира финансиските средства на илјадници граѓани уште од 2014 година.

Дознај повеќе!

Зошто ВФП премиум акции?

Преку инвестирање во ВФП Премиум Акции може да очекувате зголемување на сопствениот капитал со искористување на континуираниот развој и иновативност на познати светски корпорации, можноста да станете индиректни акционери во компании како Apple, BMW, Nestle, Amazon и др., како и диверзификација на портфолиото по земји, валути и инструменти.

euro

237+ МИЛИОНИ ЕВРА

Инвестирани средства во нашите фондови.

people

12.000+ ИНВЕСТИТОРИ

Луѓе кои ни веруваат и инвестираат со нас.

verified

40+ ГОДИНИ

Австриска експертиза во управување со фондови.

Клучни предности

Заклучно со 30.09.2025 ВФП Премиум Акции претставува најголем акциски фонд во Република Македонија. Преку инвестирање во ВФП Премиум Акции може да очекувате зголемување на сопствениот капитал со искористување на следните предности:

Прочитај повеќе

Ризик на ВФП Премиум Акции

Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП ПРЕМИУМ АКЦИИ содржи високо ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите што инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови што исклучиво инвестираат во акции од мали и средни компании или од компании од држави во развој.

Типови на ризик Прочитај повеќе

Често поставувани прашања

Дали ВФП Премиум Акции фондот е ризичен?

Овој фонд носи повисоко ниво на ризик бидејќи вложува во акции. Вредноста може значително да варира во зависност од пазарните услови. Сепак, токму поради тоа нуди потенцијал за повисок принос на долг рок, особено за инвеститори со подолг временски распон и толеранција за пазарни осцилации.

За кого е наменет ВФП Премиум Акции фондот?

Овој фонд е наменет за инвеститори кои имаат долгорочна перспектива и се подготвени да прифатат повисок ризик во замена за потенцијално повисоки приноси. Најчесто одговара на лица кои сакаат капитален раст и не зависат од краткорочна ликвидност или стабилност на вредноста.

Колку време е соодветно да се вложува во ВФП Премиум Акции фондот?

Препорачаниот период на вложување е најмалку три до пет години. Ова овозможува да се апсорбираат краткорочните пазарни флуктуации и да се искористи потенцијалот за раст. Долгорочното вложување значително ја зголемува веројатноста за позитивен вкупен принос.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.