Amazon.com

19.12.2020

Amazon.com, Inc. е една од водечките светски мултинационални технолошки и трговски компании со седиште во Сиетл, САД. Компанијата започнала како онлајн книжарница, а денес преку својата интернет-платформа нуди широк асортиман производи во бројни категории, како и услуги за дигитална содржина и претплати.

Преку Amazon Marketplace, независни продавачи можат да понудат нови и користени производи на платформата. Компанијата развива и сопствени електронски уреди, меѓу кои Kindle за читање електронски книги, Echo со гласовниот асистент Alexa и Fire TV за стриминг содржини.

Amazon Prime е претплатничка услуга која, покрај поволностите за испорака, вклучува пристап до филмови, серии и други дигитални содржини преку Prime Video. Покрај електронската трговија, значаен дел од работењето на компанијата претставуваат облак-услугите преку Amazon Web Services (AWS), како и дигиталното рекламирање.

                                                

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.