Rio Tinto PLC

20.12.2020

Rio Tinto PLC е британска рударска компанија и дел од Rio Tinto групацијата заедно со Rio Tinto Limited. Компанијата ископува алуминиум, бор, јаглен, бакар, злато, железна руда, олово, сребро, калај, ураниум, цинк, титаниум, дијаманти, талк и циркон.

Компанијата оперира во Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Европа и Канада. Покрај тоа што Rio Tinto е еден од најголемите произодители на бакар и јаглен во САД, нејзиниот рудник за бор во пустината Мохаве произведува 50% од светското производство на боракс. Во својата долга историја, како резултат на добрата диверзификација, компанијата успешно се соочуваше со рецесии, политички турбуленции, прекумерни понуди и ниски цени и со проблеми со животната средина.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.