| Тип на ризик |
Степен на влијание |
|
ВФП Етикс Акции |
| Пазарен (Промена на:) |
|
| цени на хартиите |
|
| каматните стапки |
|
| девизните курсеви |
|
| ликвидносен ризик |
|
| Кредитен ризик |
|
| Политички ризик |
|
| Промена на доночни прописи |
|
| Ризик од друга договорна страна |
|
| Оперативен ризик |
|
| Ризик поврзан со чување на имотот на фондот |
|
Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.
Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.
Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.
Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.
Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.
Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.
Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.
Оперативен ризик – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки, информатички, правни и системски грешки.